Водени лудории со децата, прегратки со саканиот Стефан: Катарина Ивановска ужива во Маврово
Катарина Ивановска сподели како ги поминува летните денови во Маврово со двете деца и саканиот Стефан Ханџиски.
37-годишната манекенка на својот Instagram профил објави албум со фотографии и видеа од моментите поминати на една од нејзините омилени дестинации.
„Мавровски игри" – кратко напиша Катарина во описот.
Атрактивната убавица позираше во прегратката на својот долгогодишен партнер Стефан.
На останатите фотографии и видеа, модната ѕвезда се сонча и разладува во Мавровското Езеро, а синчето Вања и ќеркичката Кира заедно со другарчиња истражуваат водопади, гледаат филм во домашно кино под отворено небо и се забавуваат со весели водни игри во дворот.