• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Во училиштето во Трубарево донирани прочистувачи за воздух со медицински стандард

19 септември 2025, 12:10
  • cподели

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалци кои беа во првите редови уште од првиот миг.

Како резултат на партнерски договор, вчера беа донираа прочистувачи за воздух во ООУ Крум Тошев Трубарево – Општина Гази Баба, училиште кое се наоѓа во непосредна близина на опожарениот објект, благодарејќи и на отвореноста, брзата реакција и координација со Општина Гази Баба во интерес на добросостојбата на децата и граѓаните, општина со која досега веќе имаме реализирано низа проекти.

Донација Донација Донација

Со поставувањето на прочистувачите во ова училиште, ќе може да се овозможи побезбедна средина за учениците, наставниците и сите вработени – со што заеднички се прави важен чекор кон нивното здравје и благосостојба.

„Уште веднаш ја препознавме потребата и веднаш се договоривме да помогнеме. Вообично нашите донации ги реализираме тивко, достоинствено и без јавно експонирање, но овојпат чувствуваме обврска да проговориме – не заради нас, туку заради потребата од колективна свест. Да пратиме апел до целата заедница, секој кој е во можност, на начин кој е соодветен, да даде свој придонес и заеднички да овозможиме враќање на спокојот, нормалното секојдневие и на она што треба да претставува основна грижа на децата – детска радост и соништа. Нивната иднина е одговорност на секој од нас. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали. Дишеме заедно со вас и веруваме дека по секој тежок момент доаѓа светол почеток.” - посочија Биљана Мишиќ од Иуте и Ламбро Патче од Екотип.

„Искажуваме голема благодарност за донацијата, со верба дека учениците ќе се чувствуваат побезбедно за време на наставата во училиштето. Голема благодарност и кон општината Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои со својата заложба и координација ја овозможија оваа донација во кратко време. Здравјето на децата е на прво место, затоа што децата се нашата иднина”, изјави Александра Димитриевска, директорка на ООУ Крум Тошев.

Донација Донација Донација Донација

Иуте и Екотип ќе продолжат да вложуваат во проекти за поддршка на заедницата, а со овој гест уште еднаш се потврдува посветеноста кон најмладите, еднакви можности за нормално детство, како и подобри услови за нивното образование.

На децата од ООУ Крум Тошев им посакуваме среќно и безбедно враќање во училишните клупи.

За нов здив, за нови почетоци, за поубави детски соништа.

Заедно и сплотени, секогаш можеме повеќе и подобро.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.