„Во сите интервенции сум бил храбар, оваа ми е најважната“: Пожарникар од Скопје ја запроси саканата на Денот на пожарникарите
Емотивен момент го одбележа Денот на пожарникарите во Скопје, кога припадник на скопската Противпожарна бригада реши токму пред своите колеги и присутните да ја побара раката на својата сакана.
Васе Вацов ја запроси својата партнерка со транспарент кој го држеа неговите колеги. На него беше испишана романтична порака: „Во сите интервенции сум бил храбар, но оваа ми е најважната, ќе се омажиш ли за мене?“
Изненадувањето заврши со среќно „да“, а присутните го поздравија парот со аплаузи и честитки.
Видеа и фотографија споделија Скопје1.мк, Сител и Анета Механджијска.