• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара која почина во пожарот во Кочани и се расплака на сцената

12 август 2025, 10:56
  • cподели

На емотивниот концерт во Античкиот театар во Охрид, Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара Пројковска, младата пејачка која трагично го загуби животот во пожарот Кочани.

Македонскиот музичар се расплака пред да ја изведе баладата „Ненормален“ за која Пројковска му имала речено дека е многу тажна песна.

„Ми рече: ‘Баце, како можеш толку тажна песна да напишеш’ за оваа следната песна и оттогаш, па натаму, кога ја пеам, на неа ми текнува. Да се потсетиме на Сара. Оваа песна е за нејзе“ – рече Владо.

Владо Јаневски Владо Јаневски

Заедно со Јаневски, солзи пролеаја и неговите придружни вокали Ана Костадиновска, Теа Богатинова и Стево Чепишевски.

Видеото го споделија од „Сакам да кажам“.

View this post on Instagram

A post shared by Сакам да кажам (@sdkmk)

Ана ѝ беше најблиска пријателка на Сара и беа заедно ноќта кога настана пожарот. Таа успеа да се спаси, а сподели фотографии од концертот на Владо со зборовите:

„Емотивна вечер. Љубовна, распеана и по малку тажна“.

Владо Јаневски Владо Јаневски Владо Јаневски Владо Јаневски Владо Јаневски

Пројковска беше долгогодишен придружен вокал на Јаневски, а нивната соработка остави длабоки траги кај него.

Владо Јаневски Владо Јаневски Владо Јаневски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.