• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Вкусна dmBio органска храна: Како си поминавме на настанот на dm во Skopje City Mall

27 февруари 2024, 10:22
  • cподели

Изминатата сабота, Skopje City Mall беше исполнет со возбудени посетители кои искусија ново кулинарско задоволство на големиот настан „Моето кулинарскo патување со dmBio” организиран од dm. Забава, смеа, нови искуства и вкусови беа само дел од впечатоците кои ги понесоа оние кои се најдоа во тој период на штандот на dm.

Настанот беше предводен од неповторливиот Марко Новески, food блогерката Мартина Трајаноска – Martina’s Cooking, а гости беа нутриционистката Симона Коруновска и моделот и фитнес инфлуенсер, Стефан Спирковски, како и нивните тимови.

dm

Преку различните активности, гостите имаа можност да влезат во светот на готвењето со органски производи, да дегустираат вкусни закуски како овесни проја мафини, чоко вафли, веган сутлијаш, хумус со солени стапчиња, печиво со морков, веган болоњезе паста, брускети, а и да научат како да ги искористат органските производи на dmBio за да креираат традиционални и модерни рецепти, но пред сѐ вкусни и хранливи.

Додека Мартина приготвуваше дел од рецептите од книгата „Kулинарско патување со dmBio”, присутните имаа можност да дегустираат и воедно да учествуваат во друштвениот предизвик “Вкусни изненадувања” кој им донесе dmBio подароци.

Во вториот дел од настанот, Симона и Стефан со своите тимови играа друштвени игри низ кои го покажаа своето знаење за dmBio производите и притоа добија интересни подароци. Беше многу забавно да се следат двата тима, а победата беше неизвесна до самиот крај.

„Јас сум воодушевена што имавме можност да го организираме овој прекрасен настан со толку убава порака” - изјави Мартина, домашниот претставник во интернационалната кампања на dm за промоција на органската исхрана, чии рецепти се најдоа во книгата со рецепти со dmBio производите - „Беше неверојатно да се види толкава бројка на луѓе заинтересирани за предностите на изборот на органски производи и за тоа како може да ги интегрираат во својата секојдневна исхрана.“

На социјалните мрежи на dm може да погледнете повеќе слики низ кои ја доловуваат атмосферата од овој настан.

За потсетување, овој настан беше дел од регионаланта кампања на dm, при која е издадена и книгата со рецепти „Kулинарско Патување со dmBio”. dm е најголемиот понудувач на производи за органска исхрана на нашиот пазар, со повеќе од 400 производи од кои повеќе од 300 се од сопствената марка dmBio.

Од компанија велат дека благодарение на целосната кампања, се надеваат на уште поголема свесност за органската исхрана и за тоа колку е важно да се прават добри избори кога станува збор за состојки за готвење.

Комерцијален текст

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.