• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Вива Спарк“ – поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

10 јули 2019, 12:54
  • cподели

На почетокот на долгото и топло лето, македонската компанија „Вивакс“ започна мисија да ги освежи граѓаните со новиот газиран безалкохолен пијалак со премиум-квалитет „Вива Спарк“. Достапен во три уникатни цитрусни вкусови на бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал, безалкохолниот пијалaк содржи многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува.

Вива Спарк

„Вива Спарк. Почувствувај ја разликата. Нови. Газирани. Со вистинско овошје“, е слоганот зад новиот производ. Пијалакот е инспириран од сите оние кои се подготвени да се впуштат во нови предизвици, почетоци и победи и e совршениот придружник на сите возбудливи животни авантури. Шишето е со уникатен и модерен дизајн и е специјално креирано со цел да биде лесно за „аутдор“ употреба.

„Следејќи ги желбите и потребите на нашите потрошувачи го создадовме 'Вива Спарк' кој е резултат на непрекината работа на нашиот стручен тим во тек на една година. Во тој период беа дегустирани 200 различни вкусови од кои, на крај, беа одбрани три, односно бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал. Од друга страна, за името ревидиравме и тестиравме повеќе од 150 предлози. Нашата цел е постојано да бидеме во чекор со желбите и потребите на нашите потрошувачи кои секогаш тежнеат кон нешто ново, различно и иновативно. „Вивакс“ ги следи светските трендови и располага со најсовремена технологија со која го создадовме овој газиран безалкохолен пијалак со врвен квалитет и со вистинско овошје кој го прави различен од останатите газирани пијалаци присутни на македонскиот пазар“ – вели менаџерскиот тим на компанијата.

Вива Спарк

Без разлика дали летото ќе го минете во град, на езеро, море или планина, „Вива Спарк“ ќе го донесе посакуваниот цитрусен вкус кој ќе ви овозможи поразлично освежување. Пијалакот е идеален за сите кои трагаат по бран свежина во топлите летни денови. Пробајте ги и почувствувајте ја разликата која ја носи вистинското овошје!

Комерцијален текст

Tags
Вива Спарк
Вива

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.