• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Виталиа споделува радост со здрави новогодишни подароци

31 декември 2021, 07:41
  • cподели

Како и претходните години, така и оваа, ВИТАЛИА традиционално им подготви пакетчиња исполнети со здрави производи на ранливата категорија граѓани, на дечињата со посебни потреби и со дијабетес тип 1.

Во соработка со Баланс Мк – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија, дечињата добија специјално формулирани новогодишни пакетчиња, соодветни за нивната исхрана, со ниско количество на шеќери и јаглехидрати.

Виталиа подароци

Виталиа ја поддржа и промоцијата на инклузивната сликовница „Другарите од Зоолошката градина“, проект реализиран од здружението „Различни, а Еднакви“ за децата со оштетен вид.

Виталиа подароци

И оваа година, новогодишни пакетчиња за своите најмили доби и медицинскиот персонал на Клиниката за Инфективни Болести – Скопје, кои директно се изложуваат на опасностите од пандемијата и предизвиците што ги носи.

Компанијата се вклучи и во хуманитарните иницијативи на општина Гази Баба и општина Ѓорче Петров, како и на проектот од Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација на Кисела вода под мотото „Подари Пакетче, Подари Радост“ за децата од СОС Детско Село, Здружението за децата со интелектуална попреченост, и Здружението на деца со Мускулна Атрофија.

Виталиа подароци

Составот на новогодишните пакетчиња е персонализиран, формулиран со висококвалитетни производи богати со протеини, витамини и минерали кои ја поддржуваат функцијата на имуниот систем и помагаат во одржување на здравјето.

Овие активности се дел од стратегијата за општествена одговорност на Виталиа и имаат за цел да се зголеми свесноста за децата со здравствени проблеми и со инвалидитет, овозможувајќи пристап до здрава и функционална храна, можност за полесно и активно функционирање во заедницата, отварајќи ги портите за нивно креативно изразување и унапредување на квалитетот на животот.

„Секоја година успешно го зголемуваме опсегот на општествено-одговорните активности насочени кон оние на кои им е потребна најголема поддршка. Со овие донации ја завршуваме годината хумано и со топли желби за добро здравје, незаборавни спомени и многу насмевки во наредната година.“ - велат од компанијата.

Комерцијален текст

Tags
Виталиа

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.