• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Вистинска љубов: Актерот Нил Мекдона одбива да бакнува други жени освен сопругата, ставајќи го семејството пред кариерата

16 декември 2022, 11:30
  • cподели

„Нема да бакнувам други жени, бидејќи овие усни се наменети само за една“ – Нил Мекдона.

Славниот актер разнежнува многу срца со неговата одлука да не бакнува други жени освен сопругата, дури и по цена да изгуби филмска улога.

Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата

Ѕвездата од филмови и серии како „Star Trek: First Contact“, „Minority Report“, „Arrow“и „Desperate Housewives“ е во брак со Руве Робертсон со која има пет деца.

По нивното стапување во брак, Нил се заколнал дека нема да бакне друга жена, ставајќи го семејството пред кариерата. Тој сега прифаќа само улоги кои не го принудуваат да снима романтични сцени.

Многумина се одушевуваат на оваа негова постапка, а тој вели: „Во животот имаш една шанса за да ги направиш нештата на најдобриот можен начин. Нашата врска за мене е најважното нешто на светот“ – вели Мекдона и додава „Зошто да купувам бургер кога имам бифтек дома?“.

Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата

Нил е најмал од шесте деца во неговото семејство. Тој страда од дислексија, но отсекогаш умеел да мами насмевки кај другите луѓе. По завршувањето на образованието, му се посветил на актерството.

Мекдона е добитник на наградата „Best Actor Dramalogue“ за неговата улога во „Away Alone“.

Нил и Руве случајно се запознаа во 2000 година, а тој вели дека се вљуби во неа на прв поглед. Тие стапија во брак на 1 декември 2003 година.

За важноста на семејството и семејните вредности, Нил и Руве велат: „Кога ја гледаш љубовта, учиш од примерот. И ако си верен, грижлив, ако се обидуваш да ги направиш вистинските нешта, ако се извинуваш кога ќе згрешиш, водиш со пример и тоа е она што ние сакаме да го направиме“.

Нил беше отпуштен од серијата „Scoundrels“ поради тоа што одби да снима сцени со бакнување.

Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата Нил Мекдона со сопругата
Tags
Нил Мекдона
вистинска љубов
љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.