• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Вино фест 2018: Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски ќе ве води на магично музичко патување со врвни вина и деликатеси

10 септември 2018, 11:42
  • cподели

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, мистичните „Фолтин“, етно-составот „Љубојна“, џез гитаристот Тони Китановски и Черкези оркестар, се само дел од звучните имиња кои ќе го збогатат музичкиот дел на годинешната манифестација „Вино фест 2018“ на којапосетителите ќе дегустираат врвни македонски вина и вкусни деликатеси.

Настанот ќе се одржува од 12 до 15 септември (од среда до сабота) на отворениот паркинг пред Веро центар во Скопје. Како и изминатите години, манифестацијата „Вино фест“ ја организира компанијата „Веропулос“ со цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина. Освен во квалитетните вина и музика, годинава посетителите ќе уживаат и во врвни деликатеси кои совршено се комбинираат со изложените вина.

Вино Фест 2018

Првиот ден од настанот ќе го отворат групите „Љубојна“ и „Фолтин“, кои со своите уникатни настапи го привлекуваат вниманието не само на домашната, туку и на светската публика. Во следните два дена посетителите ќе уживаат во волшебните звуци на музиката на Јаков Дренковски и на легендарниот Игор Џамбазов, како и на Тони Китановски со Черкези оркестар и на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски. Манифестацијата ќе се затвори со настапите на групата „Куку леле“ и на фолк-ѕвездата Миле Кузмановски. Во текот на сите четири дена, атмосферата пред настапите на музичарите и бендовите ќе ја загреваат диџејските сетови на Чваре, Флудер, Дарко Марковски и Маци.

Вино Фест 2018 Вино Фест 2018

Најновото издание на „Вино фест“ ќе овозможи уживање во врвни домашни вина, но ќе понуди и концепт на гастрономско бистро со деликатеси од реномирани домашни и странски производители. Посетителите ќе може да ги дегустираат најпознатите вина на винарниците „Тиквеш“, „Бовин“, „Стоби“, „Еземит“, „Далвина“, „Пивка“ и „Гама“ и пијалоците на Пивара Скопје по промотивни цени, додека гурманското задоволство ќе го овозможат деликатесите на производителите „Чеза“, „Единство Челопек“, „Златиборац“, „Линдт“ и „Еуромес“.

„Вино фест“ е традиционална манифестација чија примарна цел е да ги промовира домашните вина и храна, со што на локалните производители ќе им даде дополнителен стимул за натамошен развој на нивните бизниси. Во исто време, на посетителите им нуди уживање во врвни вина и деликатеси, зачинето со одлична музика на најреномираните домашни изведувачи. Бројот на посетители на „Вино фест“ секоја година е сѐ поголем, а за нас тоа е најдобар показател дека успеваме да направиме совршена комбинација на врвно вино, најквалитетна храна и прекрасна музика. А тоа е основната цел на Веро – на своите потрошувачи секогаш да им го понуди најдоброто - вели Љубица Короскоска, маркетинг директор во компанијата „Веропулос“.

Вино Фест 2018

Музичката програма на „Вино фест 2018“ секој ден ќе почнува од 19 часот. Во среда и во четврток ќе трае до полноќ, додека во петок и во сабота ќе завршува во 1 часот наутро.

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.