• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Викторија и Дејвид Бекам со децата пристигнаа на Париската модна недела по скандалите со Бруклин, таа доби Орден

27 јануари 2026, 09:10
  • cподели

Викторија Бекам пристигна на Париската модна недела, која моментално се одржува во француската престолнина, во период кога семејството се соочува со скандали поврзани со нејзиниот најстар син, Бруклин.

51-годишната модна дизајнерка беше придружувана од сопругот Дејвид, ќерката Харпер и синовите Круз и Ромео, како и нивните девојки. Семејството јасно покажа дека е решено да не дозволи семејните драми да го засенат овој важен момент за Викторија. 

Очекувано, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц не се појавија на настанот.

По пристигнувањето во Париз, Викторија беше одликувана со Орден за уметност и литература од страна на француското Министерство за култура. Ова престижно признание се доделува за исклучителен индивидуален придонес во уметноста, литературата и културата.

Во својот говор, Викторија му се заблагодари на сопругот Дејвид, кој бил првиот што инвестирал во нејзиниот моден бизнис, како и на нивните деца, нагласувајќи дека нивната поддршка ѝ значи најмногу.

Искрено ѝ благодарам на француската министерка за култура, Рашида Дати, за оваа чест. Благодарност и до моите деловни партнери кои веруваа во мене, до моето семејство, а особено до Дејвид – мојот сопруг и прв инвеститор. Не можам да бидам поблагодарна, вие ми те сè - напиша Викторија на Instagram.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Tags
Викторија Бекам
Дејвид Бекам
Харпер Бекам
Круз Бекам
Ромео Бекам

Најнови

  • Месечен хороскоп – МАЈ, 2026

    Fri, 05/01/2026 - 16:18
  • Ултра сексапилна: Северина во кратко разголено црно фустанче на роденденот на стилистката Карла Каиќ

    Thu, 04/30/2026 - 13:35
  • Марјан Бебекоски

    Корсети и пердуви, а кафеавата е хит боја: Модниот дизајнер Бебекоски ни ги открива матурските трендови

    Thu, 04/30/2026 - 12:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.