• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Не сакам помирување со моето семејство“: Бруклин Бекам отворено сподели сè за кавгите во семејството

20 јануари 2026, 09:16
  • cподели

Со години семејството Бекам беше претставувано како симбол на хармонија и успех, но во изминатата година се најде во центарот на сериозен јавен скандал откако Бруклин Бекам се дистанцираше од родителите Дејвид и Викторија.

Во изминатиот период постојано кружеа различни шпекулации, па сега Бруклин одлучи да ја сподели својата страна од приказната и отворено да каже што довело до кавгите меѓу него и останатите членови од семејството.

Во објави на Instagram Story, 26-годишниот Бруклин откри дека со години молчел и се обидувал семејните проблеми да ги задржи далеку од јавноста, но дека бил принуден јавно да проговори откако, како што наведува, неговите родители и нивниот тим продолжиле да пласираат информации во медиумите.

„Не сакам да се помирам со моето семејство. Не сум контролиран, за првпат во животот се залагам за себе“ – напиша меѓу другото Бруклин, додавајќи дека цел живот живеел во средина каде што имиџот и медиумската слика биле поважни од искрените односи.

Еве го неговиот пост:

Со години молчев и вложував максимален напор овие работи да останат приватни. За жал, моите родители и нивниот тим продолжија да одат кај медиумите, не оставајќи ми избор освен јавно да зборувам за себе и да ја кажам вистината за барем дел од лагите коишто беа објавени.

Не сакам да се помирам со моето семејство. Не сум контролиран, за првпат во животот се залагам за себе.

Целиот мој живот, моите родители ги контролираа наративите во медиумите за нашето семејство. Перформативните објави на социјалните мрежи, семејните настани и неавтентичните односи беа постојан дел од животот во кој сум роден.

Неодамна, со свои очи видов до кои крајности се подготвени да одат за да пласираат безброј лаги во медиумите, најчесто на сметка на невини луѓе, само за да ја зачуваат сопствената фасада. Но, верувам дека вистината секогаш излегува на виделина.

Моите родители се обидуваат да ја уништат мојата врска уште од пред свадбата и тоа сè уште не престанува. Мајка ми во последен момент се откажа од правењето на фустанот за Никола, иако таа беше многу возбудена што ќе носи нејзин дизајн, принудувајќи ја итно да најде друг фустан.

Неколку недели пред нашиот голем ден, моите родители постојано ме притискаа и се обидуваа да ме поткупат да потпишам и да ги предадам правата на моето име, коешто ќе влијаеше врз мене, мојата сопруга и нашите идни деца. Инсистираа да потпишам пред свадбата... Откако ги одбив, никогаш не се однесуваа исто со мене.

За време на подготовките за свадбата, мајка ми отиде дотаму што ме нарече „злобен“ затоа што со Никола решивме на нашата маса да ги вклучиме мојата баба Сандра и бабата на Никола, бидејќи двете ги немаа своите сопрузи. И двајцата наши родители имаа свои маси, подеднакво блиску до нашата.

Од моментот кога почнав да се залагам за себе, добив бескрајни напади од моите родители, и приватно и јавно, кои по нивна наредба беа испраќани во медиумите. Дури и моите браќа беа испратени да ме напаѓаат на социјалните мрежи, пред целосно да ме блокираат без никакво објаснување минатото лето.

Мајка ми го „украде“ мојот прв танц со мојата сопруга, којшто беше планиран со недели однапред на романтична љубовна песна... Планирано беше да имам романтичен танц со мојата сопруга, но наместо тоа, мајка ми ме чекаше да танцувам со неа. Танцуваше несоодветно со мене пред сите.

Никогаш не сум се чувствувал понеудобно и попонижено во целиот мој живот. Сакавме да ги обновиме заветите за да можеме да создадеме нови спомени од свадбениот ден кои ќе ни донесат радост и среќа, не анксиозност и срам.

Викторија и Дејвид Бекам

Мојата сопруга постојано наидуваше на непочитување од моето семејство. Мајка ми канеше жени од моето минато во нашиот живот на начини на кои очигледно имаше намера да направи да ни биде неудобно.

И покрај ова, ние отпатувавме во Лондон за роденденот на татко ми и бевме одбивани цела недела додека чекавме во хотелската соба, обидувајќи се да испланираме квалитетно време со него. Ги одбиваше сите наши обиди освен ако не беше на неговата голема роденденска забава со стотици гости и камери на секој агол. Кога конечно се согласи да се види со мене, беше под услов Никола да не биде поканета. Тоа беше шамар по лицето. Подоцна, кога моето семејство отпатува во Лос Анџелес, не сакаше воопшто да ме види.

Моето семејство ги става јавната промоција и спонзорствата над сè. Брендот Бекам е на прво место. Семејната „љубов“ се мери според тоа колку објавуваш на социјалните мрежи или колку брзо оставаш сè за да се појавиш и да позираш за семејна фотографија, дури и кога тоа оди на штета на нашите професионални обврски.

Со години се појавувавме и ги поддржуаввме сите модни ревии, забави и медиумски активности за да го прикажеме нашето „совршено семејство“....

Наративот дека мојата сопруга ме контролира е комплетно погрешен. Јас бев контролиран од моите родители поголемиот дел од мојот живот. Пораснав со голема анксиозност. За првпат во животот, откако се оддалечив од моето семејство, таа анксиозност исчезна. Секое утро се будам благодарен за животот којшто го избрав и најдов мир и олеснување.

Со сопругата не сакаме живот обликуван од имиџ, медиуми или манипулација. Сè што сакаме е мир, приватност и среќа за нас и за нашето идно семејство.

Ниту Дејвид, ниту Викторија Бекам засега јавно не се огласија по повод овие обвинувања.

На социјалните мрежи повторно се појави старо видео на кое семејството Бекам позира пред камерите.

@dailymailau Footage shows David and Victoria posing for cameras with Brooklyn next to them. Brooklyn then reaches out of shot to encourage Nicola to join the group picture before she reluctantly moves in and then appears to shoot Victoria and David a tense glance. Comments under the clip on Monday read: 'Could Victoria's shoulder be more cold?', 'You can cut the atmosphere with a knife.', In his bomshell instagram statement Brooklyn went as far as to say he has been 'controlled by a family that values public promotion above all else' and that since being with Nicola, he has found 'peace and relief' after battling crippling anxiety. #family #beckham #scandal #news #fyp ♬ Mysterious and sad BGM(1120058) - S and N

Tags
Бруклин Бекам

Најнови

  • Браво тато! Филип Кузмановски доби аплауз од синчето откако беше прогласен за МВП на натпреварот со Португалија

    Tue, 01/20/2026 - 10:27
  • Нека биде повеќе и нека биде за пониска цена

    Tue, 01/20/2026 - 09:50
  • „Не сакам помирување со моето семејство“: Бруклин Бекам отворено сподели сè за кавгите во семејството

    Tue, 01/20/2026 - 09:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.