• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Виена во Битола“ – Битолски Камерен Оркестар ја продолжува децениската предновогодишна традиција

24 декември 2024, 07:44
  • cподели

На 21.12.2024, во студената саботна вечер, се одржа традиционалниот концерт „Виена во Битола“, кој претставува предновогодишен симбол на Битола. Овој децениски културен настан, организиран од Битолскиот Камерен Оркестар ⋮IWConnect во соработка со Центар за култура Битола, уште еднаш ja започна претпразничната магија.

Концерт „Виена во Битола“

На сцената настапија извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, додека пак извонредните балетски играчи Марија Кичевска, Francisko Gimenez Ruiz (Шпанија), Мими Поп-Алексова, како и истакнати солисти од Националната Опера и Балет, и мешаниот хор КУД „Стив Наумов“ направија филмска бајка на сцената. Придружени од Битолскиот Камерен Оркестар под диригентската палка на Владимир Димовски, двата концерти Виена во Битола ги освоија срцата на публиката и го означија почетокот на празничната сезона во Битола.

Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“

Салата беше исполнета до последното место, што сведочи за огромниот интерес и љубовта на битолската публика кон овој настан. Картите за двата концерта, кои беа пуштени во продажба уште пред два месеца, беа распродадени во рекордни два дена.

Концертот „Виена во Битола“ уште еднаш потврди дека има моќ да ги собере сите генерации на едно место, музички спектакл кој ја збогатува традицијата на градот и внесе празнична радост и топлина во срцата на сите присутни.

Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“ Концерт „Виена во Битола“

За повеќе фотографии и информации за настаните на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect, заследете ги профилите на социјалните мрежи на Facebook и Instagram.

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.