Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Драма квин", прва од нејзиниот нов студиски албум „Кукла жива".
Музиката и текстот на песната се на Коста Петров и самата Тамара, а аранжманот го потпишува Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор - звук кој јасно зборува за амбицијата и размерот на проектот.
Тамара со возбуда најави:
„Drama Queen“ конечно е тука. 🎵
Повеќе од 50 музичари, хористи, продуценти, танчери и креативци работеа на проект што со месеци го создававме со многу љубов, посветеност и верба.
Ова е првата песна од првиот визуелен албум создаден во Македонија.
Се надевам дека ќе ја почувствувате барем дел од енергијата што ја вложивме во неа.
Спотот е снимен во студиото „Takat”, а е во режија на Мартин Трајановски со кого Тамара има работено на повеќе нејзини проекти низ годините.
„Кукла жива" е албум со 10 нови песни, снимени во целост со живи инструменти, а проектот носи и уште едно историско обележје - тоа е првиот визуелен албум создаден во Македонија.
Во врска со новата песна и целиот музички проект, Тамара посочува:
„Ова е само мал дел од она што следува - албум на кој работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со живи инструменти и песни кои се инспирирани од различни периоди на мојот живот. „Драма квин“ е брза и динамична песна, а навистина уживавме во текот на снимањето на визуелниот дел… На спотот работев со луѓе со кои сум работела и претходно, дел од нив се мои повеќегодишни соработници, но и пријатели, па затоа лесно се разбиравме во креативниот дел и во она што сакаме да го постигнеме како финален производ, не само за оваа песна туку и за останатите“.
„Драма Квин" е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска а наскоро ќе биде достапен и на сите дигитални музички платформи.
Инаку, Тамара Тодевска и нејзиниот тим веќе се подготвуваат и за големиот солистички концерт и концертна промоција на албумот „Кукла жива“, која ќе се случи на 3. октомври (сабота) во арената „Борис Трајковски“.
Картите се пуштени во продажба и можат да се набават на следниот линк.