• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

ВИДЕО: Тамара Тодевска со емотивна преработка на стариот евергрин „Време за плачење“

30 април 2025, 09:19
  • cподели

Некои песни се безвременски... Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење... „Време (е) за плачење“.

Ако оригиналната латино верзија на овој безвременски макфестовски евергрин го направи своето во таа 1992 година кога во изведба на Игор Џамбазов ја разбранува не само музичката јавност, денес ја добивме нејзината кавер верзија во една сосема поинаква форма. И музичка и аранжманска и изведена, онака како што само Тамара Тодевска знае и умее вокално да ја донесе и испее, а Роберт Билбилов аранжмански и продукциски спакува.

Тамара Тодевска

„Време за плачење“ како симболика на мигот во кој се најдовме, во времето кое и после толку години никако да покаже каде (по)греши(в)ме, за најскапата цена сè уште да ја плаќаме.

Овојпат, песната добива сосема поинаков сензибилитет преку аранжманот на Роберт Билбилов, кој како долгогодишен соработник и пријател на Тамара, со сенс за чувствителност и почит кон оригиналот, успева на песната да ѝ даде нова емоционална и аранжманска нота. Онаква, која совршено се впива во амбиентот на времето и деновите кои денес ги живееме, „Време за плачење“.

Нова верзија на старата латино тема трансформирана во клавирска анплагд балада, во која маестралната изведба на Тамара со сета нејзина вокална експресија и вдахнува нова душа на песната, изведба која во исто време и ја кине душата на парчиња, навирајќи ви солзи на очите додека ја слушате. Со автентична емоција и зрелост во изразот, со чувство кое ви предизвикува грутка во грлото и оловна тежина во градите, пренесувајќи ја нејзината безвременска порака за љубов, болка и лекување.

„Преку оваа песна им оддаваме почит на емоциите што ги носиме во себе, без разлика на времето што минува“ – вели Тамара.

Видео:

Музиката и текстот на оригиналот на песната се дело на Томислав Которчевиќ, а новата верзија е издадена преку светски познатата музичка етикета Cafe De Anatolia, носејќи ја приказната на „Време за плачење” пред новите генерации слушатели.

Визуелниот идентитет на проектот е заокружен со впечатлив cover art изработен од Љубан Стамениќ, додека едноставното, но мошне ефектно црно-бело видео, кое дополнително ја пренесува емоционалната изведба на песната, е во режија на Зоран Зонде Стојановски.

Време за плачење

На 8 мај, Тамара ќе одржи хуманитарен концерт за семејствата на починатите и повредените граѓани во трагедијата во Кочани. Еве линк каде можете да ги набавите билетите за истиот.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.