• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Слушнете ја песната со која Тијана ќе настапи на Евровизија

22 февруари 2014, 21:39
  • cподели

Вечерва беше претставена евровизиската песна „Таму кај што припаѓам“, со која Тијана Дапчевиќ ќе ја претстави Македонија на 59-тото издание на Изборот на песна на Евровизија.

Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров стои и зад аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија го напиша Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To The Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.

„Во моментот кога Македонската Радио Телевизија објави дека јас ќе ја претставувам Македонија на Евровизија, добив повеќе од педесет понуди за песни од целиот Балкан. Ниту една од нив не ми се допадна, освен трите песни кои ги добив од Дарко. Се одлучивме за повеселата и поведрата“, изјави Дапчевиќ. „Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пеам и сигурна сум во добар пласман“, додава таа.

Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6 до 10 мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8 мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент.

„To The Sky“

„Таму кај што припаѓам“

Tags
Тамара Дапчевиќ
Евровизија
Евровизија 2014

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.