• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ВИДЕО: Луис Капалди имаше симптоми на Туретов синдром сред концерт, фановите ја довршија песната за него

27 февруари 2023, 21:18
  • cподели

Фановите на Луис Капалди му ја покажаа нивната љубов и поддршка за време на концертот во Франкфурт, Германија.

Додека настапуваше на сцената, 26-годишниот пејач искуси симптоми на Туретов синдром од кој страда. Тиковите го спречија Луис да ја доврши „Someone You Loved“, па присутните обожаватели го направија тоа наместо него.

Видеото од случката го обиколи светот и стана вирален хит на TikTok.

„Те поддржуваме Луис Капалди“ – напиша обожавателката која го сподели видеото.

View this post on Instagram

A post shared by Good News Movement (@goodnews_movement)

Туретов синдром е пореметување на нервниот систем кое предизвикува неконтролирани тикови. Симптомите најчесто се појавуваат на возраст од 5 до 10 години и најчесто се намалуваат или исчезнуваат со растењето.

Капалди јавно ја откри дијагнозата минатиот септември. Тој сподели дека има нагли движења со рамото поради неговата состојба.

„Најлошото е што го добивам кога сум возбуден, кога сум под стрес, кога сум среќен. Се случува постојано. Изгледа полошо отколку што е...“ – рекол тој.

Луис Капалди
Tags
Луис Капалди

Најнови

  • Ниту религијата, ниту далечината не ги разделија: Љупче од Делчево ја запроси Турчинката Ајлин во лет над глечер на Алјаска

    Thu, 09/10/2026 - 22:20
  • Македонската приказна која стигна до Холивуд: Тамара Котевска во креација инспирирана од филмот „Приказната за Силјан“ на Еми наградите

    Thu, 09/10/2026 - 15:36
  • Од плач до танц: Реакција на бебенце на хитовите на Bad Bunny ќе ве насмее

    Thu, 09/10/2026 - 15:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.