• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ВИДЕО: Лејди Гага посвети настап на момче што се самоуби

26 септември 2011, 10:54
  • cподели

Лејди Гага ја намали еуфоријата на музичкиот фестивал „iheartradio“ за да му оддаде почит на 14-годишен обожавател кој се самоуби минатата седмица.

„Изгубивме едно мало чудовиште оваа седмица и сакам вечерва оваа песна да му ја посветам нему, затоа што беше многу млад... Џејми, вечерва знам дека си горе и нè гледаш. И, ти не си жртва, ти си лекција за сите нас“ – рече Гага пред да ја испее позната „Hair“.

14-годишниот Џејми Родемајер си го одзеде животот затоа што бил малтретиран од своите соученици на училиште и онлајн за неговата сексуална ориентација. Младиот тинејџер редовно објавувал постови онлајн во кои ја искажувал својата болка од навредите кои ги добивал на училиште и неговите помисли на самоубиство. Но, неговите постови биле причина за уште потешки навреди.

„Џејми е глупав, геј, дебел и грд. Мора да умре!“ – пишувало во еден од анонимните коментари. „Нема да ми е гајле ако умреш. На никој нема да му биде. Само стори го тоа :). Тоа ќе ги направи сите посреќни!“ – пишувало во друг коментар.

Еден ден пред да се самоубие, Џејми објавил дел од песната „The Queen“ на Лејди Гага. „Не ме заборавај кога ќе дојдам плачејќи на портите на рајот“ – напишал тој.

ЏејмиЏејми бил голем обожавател на Лејди гага

Во последните две пораки на својот блог Џејми напишал дека со нетрпение чека да ја види својата почината баба, а исто така и ѝ се заблагодарил на Гага со зборовите: „Збогум Мајко Чудовиште. Благодарам за сè што имаш направено. Paws Up Forever“.

„Тој допре толку многу срца, толку многу луѓе. Тој беше најслаткото и најмилото дете што можевте да го запознаете. Тој ќе го дадеше целото свое срце пред да си даде нешто себеси... Порано плачеше за навредите од своите соученици, но во последно време не изгледаше како да го засегаат. Во последно време не им обрнуваше внимание, или барем ние така мислевме“ - изјавила неговата мајка и признала дека Џејми во последните денови изгледал навистина среќно.

Tags
Лејди Гага
Џејми Родемајер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.