• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Кети Пери во дует со девојче со аутизам

18 октомври 2012, 20:33
  • cподели

Кети Пери и малата Џоди Дипјаца воодушевија со заеднички настап. Познатата пејачка го исполни хитот „Firework“ со огромна помош на 11-годишната Џоди, која има аутизам.

Малото девојче свирејќи и пеејќи од срце покажа што сè можат да постигнат децата со аутизам ако им биде дадена шанса.

Џоди и Кети по настапотЏоди и Кети по настапот

Пред настапот родителите на Џоди раскажаа дека дознале за аутизмот кога Џоди имала две години. „Докторите ни кажаа: не знаеме што е причината за појава на аутизам, нема лек, тоа е доживотна пречка и не очекувајте премногу“ – раскажа таткото на Џоди.

Џоди започнала да оди на училиште на 3-годишна возраст, каде целиот ден го поминувала со стручни лица. На почетокот не можела ниту да оформи цела реченица, но со текот на времето нејзиниот напредок бил очигледен.

Уште од мали нозе Џоди покажувала огромна љубов кон музиката. Денес таа свири пијано и пее, нешто што нејзините родители не мислеле дека некогаш ќе го доживеат.

„Се плашевме дека нема да може да зборува. Не ни сонувавме дека ќе може да пее или дека ќе може да нè разбира. Но, како што продолжува нејзиното образование, се откажував од идејата дека има граница за неа, бидејќи таа постојано докажува дека тоа не е точно“ – вели нејзиниот татко.

Кери и Џоди настапија во рамките на шоуто „Night of Too Many Stars: America Comes Together for Autism Programs“, чија цел е собирање парични средства за училиштата и програмите посветени на децата со аутизам.

Инспиративниот дует ги подигна на нозе сите присутни на настанот за подигање на свеста за аутизмот. Погледнете го видеото:

Tags
Кети Пери
аутизам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.