• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

ВИДЕО: Кери Андервуд ја засени Ријана

4 април 2011, 17:50
  • cподели

Вчера се одржа доделувањето на 46-тите по ред награди на Академијата за кантри музика. На сцената настапија многу пејачи со моќни гласови, но најголемо внимание привлекоа дуетот на Ријана со Џенифер Нетлс и дуетот на Кери Андервуд со Стивен Тајлер.

Ријана и Џенифер настапија со новиот сингл на Ријана „California King Bed“.

На Ријана како да ѝ недостигаше глас и на моменти целосно се губеше во моќниот глас на Џенифер. Иако нејзината изведба беше солидна, неверојатниот дует на Кери и Стивен беше настапот по кој вечерта ќе остане запаметена.

Кери Андервуд и Стивен Тајлер ја кренаа публиката на нозе со микс од нејзината „Undo It“ и хитот на Aerosmith „Walk This Way“.

Тејлор Свифт ја грабна наградата за Најдобар забавувач на годината и настапи со песната „Mean“.

Миранда Ламберт беше прогласена за Пејачка на годината, а нејзината „The House That Built Us“ ѝ донесе награди за Најдобра снимка, Најдобра песна и Најдобар спот на годината. Бред Пејсли ја освои титулата Пејач на годината, а успешните Lady Antebellum се закитија со награда за Најдобра група.

Tags
Кери Андервуд
Ријана

Најнови

  • Торта на 5 ката и луда забава: Брена, Јаков и Џејла пееја на роденденот на ќерката на Александра Пријовиќ

    Fri, 09/04/2026 - 13:11
  • „Зад изгледот на голема ротвајлерка се крие едно големо маче“: Приказната за Кармен која по 142 дена во „Лајка“ конечно го најде својот дом

    Fri, 09/04/2026 - 12:12
  • Септември е тука, но тука е и Wolt да го олесни секојдневието

    Fri, 09/04/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.