Нела Манческа освојува симпатии со својот моќен глас и ангелскиот изглед на Јуниорската Евровизија во Тбилиси.
Македонската претставничка ќе звучи моќно и претставително в сабота, кога ќе се одржи музичкиот настан на кој ќе учествуваат млади лица од 18 земји. Денес беше објавено видео од пробата на Нела.
Погледнете како ќе изгледа и звучи таа:
Гласањето ќе започне утре, 12 декември, во 21:00 часот, а ќе трае до сабота 13 декември 16:59 часот, кога ќе започне и самиот настан.
Гласовите ќе бидат претворени во поени кои ќе ги добие секој натпреварувач.
„Ја повикувам цела Македонија на 12 и 13.12.2025 да гласа за мене, затоа што само така може да се случи чудо“ – рече Манческа во интервју за Фемина.