• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Ја повикувам цела Македонија да гласа, за да се случи чудо“: Нела Манческа возбудена пред да нè претстави на детската Евровизија

5 декември 2025, 09:59
  • cподели

Нела Манческа денес заминува за Тбилиси каде ќе ја претставува Македонија на Јуниорската Евровизија.

Со песната „Miracle“, создадена од проверениот авторски тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, Нела ја носи во Грузија пораката за надеж, светлина и вербата во себе.

Во интервју за Фемина, младата, но исклучително талентирана пејачка, открива како изгледаше нејзиниот пат до големата сцена, која порака сака да ја пренесе и кои се нејзините соништа по Евровизија.

Иако го остави сценскиот настап како изненадување за сите нас, Нела откри дека овој музички натпревар ѝ е најважното нешто во животот и дека ќе се обиде да нé претстави најдобро што умее. Таа ги повикува сите да гласаат за неа, бидејќи само така може да се случи чудо.

Како се почувствува кога дозна дека ќе ја претставуваш Македонија на Јуниорската Евровизија 2025?

Прво сакам да се заблагодарам за поканата да бидам дел од ова интервју, и да ѝ се заблагодарам на Femina.mk за целата поддршка која ми ја давате постојано.

Кога дознав дека јас ќе ја претставувам Македонија на Јуниорската Евровизија 2025, се чувствував многу возбудена, збунета, чудна, но и многу среќна.

Што ти беше најголема инспирација, а што најголем предизвик додека ја подготвуваше „Miracle“?

Најголема инспирација ми беше пораката која самата песна треба да ја има, дека секогаш треба да веруваш во себе и да не се откажуваш, затоа што секој еден од нас има чудо во себе.

Најголем предизвик беше да го најдеме вистинскиот звук, вистинските зборови и емоцијата која сакав да ја пренесам.

Како изгледаше процесот на работа со Лазар и Магдалена Цветкоски? Дали доби некој совет од нив за сценскиот настап?

Точно така, Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска се авторите на ова „чудо“ ќе кажам. Процесот беше многу возбудлив, интересен и невообичаен, бидејќи првпат некој пишува песна за мене. За мене, тоа беше едно огромно искуство.

Магдалена напиша текст кој ме опишува токму онаква каква што сум, а Лазар ја создаде музиката токму како што ја замислував. Исто така, Лазар и Ена се вклучени во целиот процес и двајцата даваат предлози, сугестии и совети. Ние сме еден голем тим заедно со Шефицата на делегацијата Дијана Гогова и режисерката Љупка Јакимовска.

Кој дел од песната ти е најемотивен и зошто?

Најемотивен дел ми е крајот од песната, затоа што тој дел ги покажува мојот глас, мојата борба во музиката и светлината која ја носам во себе.

Имаш учествувано на многу натпревари и освоено бројни награди. Како тоа ти помогна да го направиш овој голем чекор?

Имам учествувано на многу фестивали, како во Македонија, така и надвор од неа – во Србија , Хрватска, Албанија, Косово, Бугарија. Две години одев на тие фестивали, речиси немаше месец без натпревар. Фестивалите ме научија како да се справам со трема, како да се борам секој следен натпревар да бидам подобра, како да пеам дури и кога сум болна, како да се носам со моментот кога знаеш дека си подобар, а некој друг ја добива повисоката награда… и уште многу позитивни нешта кои ги носат самите фестивали. Со еден збор, фестивалите се испити, и со секој нареден си сé подобар и подобар.

Како се чувствуваш неколку дена пред настапот? Дали имаш трема?

Се чувствувам одлично, возбудено и пресреќна сум што еве полека дојде денот за поаѓање во Тбилиси, Грузија. Трема имам секогаш, порано можеби повеќе, но сега веќе донекаде знам да ја контролирам.

Која порака сакаш да им ја пренесеш на децата кои ќе ја слушнат „Miracle“?

Сакам да им порачам дека секој од нас носи чудо во себе. Дури и кога работите изгледаат тешки, никогаш да не се предаваат. „Miracle“ нé потсетува дека малите чекори и храброста можат да донесат големи промени.

Како ја замислуваш својата музичка кариера по Детската Евровизија? Кои се твоите соништа?

Моите соништа се големи, а пеењето секако е во прв план. Бидејќи оваа година сум полуматурантка, моето школување ќе го продолжам во средното музичко училиште Се разбира, ќе има нови проекти и нови песни, но во моментов, Јуниорскиот Евросонг ми е на првото место и нешто најважно во животот. 

Ви благодарам од срце за поканата и ја повикувам цела Македонија на 12 и 13.12.2025 да гласа за мене, затоа што само така може да се случи чудо.

Потсетете се на „Miracle“

Детскиот избор за песна Евровизија 2025 ќе се одржи на 13 декември. 

Tags
Нела Манческа
детска Евровизија

Најнови

  • „Другарките излегоа, јас не“: Трогателно сведоштво на Надалина, ќерката на градоначалникот на Кочани, за пеколот во „Пулс“

    Fri, 12/05/2025 - 11:15
  • Бојата на 2026 година е... Cloud Dancer, бела нијанса која е симбол на мир во бучниот свет

    Fri, 12/05/2025 - 10:37
  • „Ја повикувам цела Македонија да гласа, за да се случи чудо“: Нела Манческа возбудена пред да нè претстави на детската Евровизија

    Fri, 12/05/2025 - 09:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.