• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ВИДЕО: Емотивна молба на тинејџерка по самоубиството на мајка и

10 ноември 2011, 22:39
  • cподели

На YouTube има илјадници видеа на тема „Моите тајни“, направени од тинејџери кои ги споделуваат своите тајни со светот. Меѓу нив е и емотивното видеото на 16-годишната Кејтлин Бренд која раскажува за самоубиството на својата мајка и испраќа порака до луѓето кои помислуваат на ваков начин да си го прекратат животот да побараат помош.

Во видеото Кејтлин не зборува, туку покажува листови хартија испишани со она што таа сака да го пренесе.

„Здраво. Се викам Кејт. Имам 15 години, но ќе наполнам 16 на 27 октомври. Сум 10-то одделение и имам неверојатни пријатели. Ги сакам, тие ми имаат помогнато да преминам низ многу работи. Ако прашате некој за мене, веројатно ќе ви рече: Таа е една од најсилните девојки кои ги познавам. Искрено, мислам дека не ја заслужувам таа титула. Навистина, поминав низ многу тешки мигови, но кој не поминал? Кога ќе слушнам за некоја дека е „најсилната девојка што ја познавам“, помислувам на некоја што се бори со рак или некоја која е во војна. А, не јас. Веројатно се прашувате зошто луѓето го велат тоа за мене. ОК, на 5 октомври почина мојата мајка. Ја пронајдов во мојата шума, како виси. Се самоуби. Мојата мајка беше убава жена. Гледате? (во овој момент таа покажува фотографија од својата мајка и се смее). Веројатно се прашувате зошто се смеам наместо да плачам? Затоа што мајка ми би сакала да сум среќна. Таа сакаше да ме гледа како се смеам. Да, ми недостига многу, но таа е на подобро место сега и јас го имам најдобриот ангел чувар. Може ли да ве замолам нешто? Ако помислувате на самоубиство или познавате некој што има самоубиствени мисли, побарајте помош. За мене и за мојата мајка. Животот станува подобар. Ветувам“ – се вели во пораките кои ги покажува Кејт.

Последниот кадар од видеото открива дека песната која тече во позадина е „If I Die Young“ од The Band Perry и истата била пуштена на погребот на нејзината мајка. Песната раскажува за жена која не се плаши од смртта и вели дека ако умре млада, нејзиното семејство треба да ги задржи солзите, затоа што таа имала добар живот.

Tags
стории

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.