Едина Муса направи промена во изгледот и ја покажа новата фризура.
Поранешната кошаркарка и фитнес-инструкторка на социјалните мрежи сподели видео на кое најпрво се снима со долгата коса, а потоа може да се види нејзиниот освежен изглед, откако си направи кратка фризура.
Едина редовно вежба и покажува дел од своите тренинзи за да ги инспирира другите жени да си го одржуваат телото во добра физичка форма.
„Прави го и кога си уморен.
Прави го и кога немаш мотивација.
Прави го и во тешките денови.
Прави го и кога не ти се прави.
Прави го за себе.
Едноставно, прави го! 💪“ - напиша таа во описот на видео од свој тренинг.