„Разговори“ со Лука во 2 по полноќ, мирисот на бебе... Стефан Лазаров и Марта уживаат во родителството
Стефан и Марта Лазарови станаа родители пред помалку од еден месец и не кријат дека уживаат во новите улоги.
Популарниот јутјубер сподели фотографија и видео во кое го мириса малиот Лука.
„Душа моја“ – пишува Стефан на фотографијата.
„Кој има/л бебе ќе ме разбере“ – стои во описот.
Неговата сакана Марта на Instagram Story ги покажа „разговорите“ со синчето во 2 часот по полноќ.
Стефан и Марта стапија во брак во 2023 година, а Лука се роди на 1 октомври оваа година.