• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски - македонски шмек во плакарите на светските ѕвезди

28 октомври 2026, 11:27
  • cподели
Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски

Канадската пејачка Кети Пери и холандскиот диџеј Мартин Герикс се најновите имиња на А-листата на славни личности кои добија јакни со потписот на Сатја Грабулоски.

Двете јакни се изработени рачно, специјално за нив, од вегански материјали, а потоа се рачно и насликани.

„Јакната на Кети е инспирирана од нејзината неверојатна кариера, а во четирите букви од нејзиното име, кои доминираат на грбот, се насликани четири приказни инспирирани од четири нејзини песни.

Онаа на Герикс, пак, е инспирирана од неговата страст за уметност, а низ неа е скриено името Marty, како што го викале кога бил дете, но и како што ќе се вика неговиот претстоен албум.

За оваа јакна ни требаа околу 120 часа рачна работа,“ вели Грабулоски.

Јакните на светските уметници им беа предадени летово, на фестивалот Sunny Hill, од страна на Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин (Дуги) Липа, кој е основач на фестивалот. Тие неколку години наназад соработуваат со SWithADot студио и Сатја Грабулоски, па секој од учесниците на фестивалот добива подарок со потписот на нашиот дизајнер.

Освен Пери и Герикс, на листата ѕвезди кои летово си заминаа со one-of-a-kind дизајн од SWithADot, беа и Дејвид Гета, Лука Модриќ, Стив Аоки, Антоан Гризман, Едис Џеко, Луис Капалди, Бланко и многу други.

Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски
Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски
Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски
Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски
Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски
Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски
Tags
Сатја Грабулоски
Кети Пери
Мартин Герикс

Најнови

  • Клиника „Жан Митрев“ со значајна улога во европското сестринство: Жанета Богоевска Митева претседаваше со европскиот состанок во Краков

    Wed, 10/28/2026 - 12:29
  • 70-годишната Крис Џенер во наметка на Елизабет Тејлор – приказната зад уникатната креација

    Wed, 10/28/2026 - 12:10
  • Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски

    Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски - македонски шмек во плакарите на светските ѕвезди

    Wed, 10/28/2026 - 11:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.