• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Близначиња кои беа разделени пет дена се гушкаат по обединувањето во прегратката на мајка им

10 јули 2023, 11:06
  • cподели

Предвреме родени близначиња растопуваат срца низ светот.

Бебињата биле разделени на одделот за неонатална интензивна нега непосредно по нивното раѓање. Но, по пет дена се обединија во прегратката на мајка си и веднаш се гушнаа.

„Беше неверојатно. Седнав и сестрата го стави Деклан врз мене. Потоа, кога го стави Ривер на мене и тој ја стави раката околу Деклан, помислив дека тоа е најслаткото нешто досега“ – рекла мајката Меган.

Видеото било снимено од таткото на бебињата, а досега има речиси 5 милиони прегледувања на YouTube.

Близнаци

Меган била во 32-рата недела кога се породила. Таа му помагала на синчето во тоалетот кога ѝ пукнал водењакот.

„Бев многу исплашена, сè се случуваше многу брзо и јас се подготвував да издржам до 37-мата недела. Никогаш претходно немав царски рез и беше многу рано. Веднаш ги зедоа бебињата. Плачев и му велев дека сакам да ги видам, бидејќи сè што гледав беше сина завеса“ – раскажа Меган.

Бебињата поминаа 20 дена на одделот за неонатална интензивна нега, од кои пет дена беа разделени во одделни инкубатори. Тие сега имаат 3 месеци и одлично напредуваат.

Меган е благодарна за своите мали синчиња. Таа во јули минатата година имала спонтан абортус.

„Имав спонтан абортус во јули, а во август дознав дека сум повторно бремена. Вечерта пред да го направам тестот, видов двојно виножито. Во тоа време бев песимист, бидејќи бев многу обесхрабрена и мислев дека ќе имам уште еден спонтан абортус“ – рекла таа.

Близнаци Близнаци

Кратко време откако дознала дека е бремена, Меган прокрварила и го помислила најлошото, но тогаш дознала дека ќе добие не едно, туку две бебиња.

„Ми направија ултразвук и ми рекоа дека иако е рано, изгледа дека ќе имам идентични близначиња. Прснав во смеа, а првата реакција на сопругот беше дека ќе треба да си најде уште една работа“.

Близнаци Близнаци

„Му реков на сопругот: ‘Знаеш, двојното виножито кое го видовме? Тоа беа нашите две бебиња’“ – се сеќава Меган.

Близнаци
Tags
близнаци

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.