ВИДЕО: Ангелите на Victoria’s Secret „пеат“ и танцуваат со Селена Гомез на „Hands to Myself“
Додека милиони со нетрпение ја очекуваат телевизиската премиера на екстравагантното шоу на Victoria’s Secret, познатиот бренд за долна облека објави видео во кое убавите ангели танцуваат и „пеат“ заедно со Селена Гомез.
Во видеото, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ, Беати Принсло, Сара Сампајо, Џасмин Тукс, Марта Хант, Тејлор Хил, Стела Максвел, Лаис Рибеиро и Роми Страјд се забавуваат на песната „Hands to Myself“.
Прикажувањето на долго очекуваната ревија ќе биде на 8 декември.