Марија Шерифовиќ има сладок наследник.
41-годишната српска пејачка сподели видео во кое нејзиното 2-годишно синче Марио пее нејзини песни на микрофон, додека на телевизорот се прикажува нејзин концерт.
„Ѕвездата е родена“, „Каков цар! Што ти е генетиката“, „Ете уште една ѕвезда“, „Има потенцијал. Колку слатко видео“ и „Леле, па види ги тие боксерки, а косичката, ма чисто совршенство 😍 Драга Марија, наскоро ќе те надмине во пеењето, па тој веќе е вистинска ѕвезда 🤍“ – се дел од коментарите на Instagram.
Марија го доби синчето во 2023 година со помош на сурогат-мајка.
Таа сподели дека се обидела самата да износи бременост, но дека не успеала и дека затоа се решила за сурогат-мајка.
„Во повеќе наврати се обидував сама да износам бременост, но поради потешкотии, не успеав.
Големата желба да имам дете ме водеше низ тој комплексен процес“ – има изјавено српската пејачка.