• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Неверојатно спасување: Бебе пронајдено живо 24 часа откако било закопано под земја во кафез за куче, таткото е осомничен

11 ноември 2026, 19:05
  • cподели

Неверојатно спасување на бебе се случи во американската сојузна држава Јужна Каролина.

Коа Шарп бил пронајден жив откако бил закопан во кафез за куче. Повеќе од 24 часа откако исчезнало, 11-месечното момче било спасено кога припадниците на полицијата и спасувачките екипи го слушнале неговиот плач под земјата.

Според информациите од локалните власти, осомничен е таткото на бебето, 25-годишниот Мајкл Комер. Момчето последен пат било видено со него во понеделникот, а во потрагата биле вклучени локални, државни и федерални служби.

Шерифот Џеј Кун соопшти дека Коа бил пронајден во жичен кафез за куче, завиткан во крпа и закопан во плитка дупка во близина на куќата на дедо му. Според проценките на истражителите, бебенцето поминало околу 24 часа под земја.

„Со Божја милост, крпата веројатно му обезбедила доволно воздух за да преживее“ – изјавил шерифот, објаснувајќи дека околу кафезот веројатно се создал воздушен простор кој му помогнал на бебето да остане живо.

Потрагата започнала откако членовите на семејството пријавиле дека Коа исчезнал. Мајката на осомничениот се грижела за бебето кога тој дошол во домот и таа го оставила во негова грижа. Се очекувало да пристигне уште една личност која требало да го чува, но кога пристигнала, таткото и бебето веќе ги немало.

Во понеделникот вечерта, Комер бил уапсен, но детето не било со него, па потрагата продолжила.

Во вторникот истражителите забележале свежо раскопана земја и растителен материјал во близина на шумски предел, недалеку од куќата на дедото на бебето. Кога почнале да копаат, го слушнале плачот на малото момче.

„Кога започнале да копаат, можеле да го слушнат малиот Коа како плаче. Можете да замислите, веднаш започнала трката да го извадат“ – раскажал шерифот.

Бебето веднаш било пренесено во болница, каде што добило медицинска помош. Шерифот изразил надеж дека целосно ќе закрепне.

Мајката на осомничениот рекла дека е шокирана од постапката за која е обвинет нејзиниот син и дека никогаш не очекувала нешто вакво од него, бидејќи тој претходно го имал чувано Коа без проблеми.
Мајкл е во притвор, а властите продолжуваат со истрагата за околностите на случајот и можни дополнителни обвиненија.

Мајката на Коа има целосно старателство над детето, но му дозволувала на Мајкл за време на викендите да се грижи за него.

Tags
спасување

Најнови

  • Неверојатно спасување: Бебе пронајдено живо 24 часа откако било закопано под земја во кафез за куче, таткото е осомничен

    Wed, 11/11/2026 - 19:05
  • Марама + кошула: Интересни начини како да ги стилизирате и да измамите комлименти

    Wed, 11/11/2026 - 12:56
  • „Тие можеби имаат еден хромозом повеќе, но се поубави луѓе од нас“: Турски фудбалер за ќерката со Даунов синдром

    Wed, 11/11/2026 - 11:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.