Бел стајлинг и „Ако згрешам, нека изгорам“: Македонката Габриела Ристовска одушеви на „Ѕвездите на Гранд“
Габриела Ристовска продолжи во следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“.
Во регионалното музичко шоу, 26-годишната скопјанка настапи со популарната македонска песна „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски, па продолжи со „Ti Možeš Sve, Al' Jedno Ne“ од Здравко Чолиќ.
Македонската натпреварувачка привлече внимание и со својот моден избор. Елегантната бела комбинација од брендот NANA ѝ донесе комплименти и од Цеца, која ги пофали нејзината природна женственост и харизмата.
Во Белград, Габриела позираше и со мајка ѝ која ја поддржа на музичкото шоу.