• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Ви благодарам: Мајка ги пронајде хероите кои го спасиле син ѝ пред 10 години

4 декември 2014, 12:38
  • cподели

Докторите се вистински херои кои секојдневно спасуваат животи. Сепак, ретко го слушаат моќното „ви благодарам“, иако тоа е најмалку што заслужуваат.

Кели Хадок е инспиративна мајка, која една деценија по тешка сообраќајна несреќа во која загинал нејзиниот сопруг, а која за малку ќе била фатална и за нејзиниот син, ги пронајде хероите кои го спасија за да им се заблагодари.

Видеото од нејзиниот проект за заблагодарување изнудува солзи и затоплува срца низ целиот свет.

Кели

Тешката сообраќајна несреќа се случила во 2004 година. Сопругот на Кели, Еј Џеј, загинал на лице место, додека 14-месечното бебенце Илај и самата Кели биле тешко повредени и веднаш биле пренесени со хеликоптер во болница.

„Ништо не можеше да ме подготви за она што следуваше“ – пишува Кели на својот блог. Откако се освестила, нејзе ѝ биле соопштени ужасните вести за смртта на сопругот и за тешката здравствена состојба на нејзиниот син. Прогнозите на докторите за заздравувањето на Илај не биле воопшто добри. Еден од нив ѝ рекол на Кели дека дури и во случај Илај да преживее, нема да живее долго, да оди, да зборува или да покажува емоции.

КелиКели

И покрај тоа, докторите дале сè од себе за да му го спасат животот на Илај и една седмица по несреќата, Кели и Илај биле пуштени на домашно лекување.

ИлајИлај

„Имаше тим од херои кои помогнаа да се спаси животот на мојот син“ – вели Кели во краткиот документарен филм. „Оттогаш сонувам да ги пронајдам и да одам да им се заблагодарам“ – додава таа.

Преку проектот „Thank You“, Хадок успеала да ги пронајде сите членови на тимот и да ги покани на забава организирана специјално за нив. Некои од нив биле тотално изненадени, затоа што никој досега не им се имал заблагодарено за она што го прават.

Во видеото, на еден од докторите Кели му вели: „Вие бевте првиот доктор кој веруваше во нас, и веруваше во мене, и веруваше дека има решение кое ќе помогне Илај да биде подобар.“

Денес Кели има уште две деца со новиот сопруг, кој го посвоил Илај. Видеото ги прикажува емотивните средби со докторите, како и забавата на која во еден момент роднините и пријателите на Кели долго им аплаудираат на докторите-херои.

Tags
инспиративно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.