• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Вежбам за мене: Блогерка со силна порака до сите оние кои сметаат дека жените тренираат за мажите

26 февруари 2021, 09:15
  • cподели

Фитнес блогерка испраќа моќна порака до сите оние кои сметаат дека жените вежбаат за да им се допаднат на мажите.

„Вежбам за мажите мене“ – е пораката на Сиера Нилсен, која има мисија да им помогне на жените да си ја зголемат самодовербата и да бидат здрави. 35-годишната Американка објави фотографија со натпис на нејзиниот грб, а во описот напиша краток текст:

Сиера Нилсен

Вежбам за мене

Не за нив или за кој било маж. За МЕНЕ.

Не затоа што се чувствувам безвредно, туку затоа што ВРЕДАМ!

Не затоа што го мразам моето тело, туку затоа што го САКАМ моето тело.

Не за да бидам слаба, туку за да се чувствувам добро во мојата кожа.

Не за се натпреварувам со некој друг освен со себе. Едноставно за да бидам најдобра што можам да бидам.

Нема да лажам, имаше период во мојот живот кога чувствував притисок да вежбам за да изгледам на одреден начин за мажите. Период кога чувствував дека нема да бидам доволно вредна ако не изгледам како девојките во списанијата. Слики кои сега знаеме дека ретко ја отсликуваат реалноста.

Беше напорно да го живеам животот така.

Мило ми е што тие денови одамна се зад мене.

Повеќе не мора да трошам ниту еден момент во срам дека мажите ќе имаат негативни или спротивни ставови за моето тело. Затоа што, вистината е, дека не е нивна работа да го сакаат моето тело, туку моја.

Сега знам дека вежбам за МЕНЕ. Се грижам за моето тело, бидејќи е огромен дар. Се движам за да се чувствувам добро за мене без разлика каква форма или големина моето тело ќе одлучи дека сака да биде.

Сиера е незапирлива кога се работи за подигнување на женската самодоверба и нормализирањето на стриите и витките. Честопати таа во нејзините постови како вистинска лавица возвраќа на злобните коментари кои ги добива онлајн.

Сиера Нилсен Сиера Нилсен

„Запомнете, никогаш не треба да дозволиме злобните коментари онлајн од тотално непознати личности да нè натераат да веруваме дека не сме доволни. Најголем дел од животот го поминав во нерационален страв да не бидам видена во костим за капење. Колку смешен начин да го живееш животот, нели? Кога ќе помислам колку многу моменти сум пропуштила поради тој страв. Никогаш повторно.“

Сиера Нилсен

„Вистината е дека светот ќе те осудува без разлика што правиш. Па, биди она што си без извинувања. Кога некој ќе те осудува поради изгледот, тоа е рефлексија на него, а не на тебе“ – пишува Сиера.

Сиера Нилсен Сиера Нилсен Сиера Нилсен
Tags
фитнес блогерка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.