Весна Петрушевска на роденденот на Тоше Проески: „Сигурно пееш и гледаш одозгора мангупски... Колку ми фали“
Весна Петрушевска никогаш не пропушта да го одбележи датумот кога нашиот ангел Тоше Проески дојде на овој свет. Да беше жив, тој вчера ќе наполнеше 45 години и сè уште ќе нè разигруваше со своите песни.
Македонската актерка се потсети на некои заеднички моменти со пејачот кој прерано нè напушти, но остави трага во срцата на сите нас. На Instagram Story, таа сподели видеа со Тоше и напиша:
„45. Сигурно пееш и гледаш одозгора, онака мангупски како што само ти знаеше. Колку ми фали...“.
Весна и Тоше беа многу добри пријатели.

Тоше почина на 16 октомври 2007 година во Нова Градишка. Имаше само 26 години. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.
