• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Весела забава и торта со суперхерои: Таско и Наташа со роденденска прослава за синот Лукијан

24 јуни 2026, 11:16
  • cподели
Таско со сопругата Наташа и децата

Синот на Таско и Наташа го прослави својот трет роденден.

Гордите родители организираа роденденска забава во кругот на најблиските, а малиот славеник Лукијан неизмерно уживаше. Роденденската торта беше украсена со неговите омилени суперхерои, кои беа инспирација и за целокупната декорација на прославата.

Таско и Наташа со децата
Таско и Наташа со синот Лукијан
Наташа Тасковска со синот Лукијан
Таско и Наташа со децата
Наташа Тасковска со ќеркичката
Наташа Тасковска со ќеркичката
Наташа и Таско со децата

Наташа на социјалните мрежи сподели и емотивно видео од Лукијан и неговата сестричка Кирјана како се гушкаат во нивниот дом, додека на мафини заедно ја дуваат свеќичката со бројот три.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TashaRay (@tasha_ray_)

Лукијан и Кирјана се разлика само година и три месеци , а во интервју за мајчинството за Фемина, сопругата на познатиот македонски хип-хоп артист раскажа:

„По карактер и темперамент, децата се мешавина од нас двајца, но мислам дека синот повеќе наликува на мене кога станува збор за упорност и емпатија, а ќерката го носи духот на Таско – енергична, весела и со силен темперамент. Секој од нив е уникатен, но убаво е да се гледа како делови од нас се огледуваат во нив, со својот сопствен карактер.“

Таа откри и каков татко е Таско:

„Таско е неверојатен татко. Енергичен и забавен, но истовремено присутен и внимателен. Секогаш се труди да им даде љубов, поддршка и сигурност на децата, без разлика колку е зафатен. Семејството со него е тим, полн со љубов и внимание. Немаме поделби околу чување на децата, гледаме да сме сите заедно колку што можеме.“

Tags
Наташа Тасковска
Таско

Најнови

  • „Со гордост кажуваме дека е Македонка“: Орден за Светлана Мојсов, научничката заслужна за откритието зад лекови како Оземпик

    Mon, 09/28/2026 - 14:36
  • Доктор Злате Мехмедовиќ направи свадба со саканата Маја покрај децата: „Најубавата одлука во мојот живот си ТИ!“

    Mon, 09/28/2026 - 13:16
  • Flying Tiger Copenhagen

    Flying Tiger Copenhagen го продолжува регионалното проширување: целта е присуство на шест пазари до крајот на 2027 година

    Mon, 09/28/2026 - 13:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.