• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Веро доби престижно признание за поттикнување на индивидуалната филантропија

22 декември 2020, 12:35
  • cподели

Компанијата Веро доби значајно признание од СОС Детско село за поттикнување на индивидуалната филантропија во 2020 година на годинешниот настан „Едно семејство“ што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска по повод Меѓународниот ден на солидарноста.

Елизабета ЃоргиевскаПетар Денковски и Елизабета Ѓоргиевска

Признанието за Веро дојде како резултат на хуманитарната донаторска акција што ја организираше компанијата на почетокот од оваа учебна година, во која потрошувачите купуваа училишни материјали во Веро маркетите и со тоа донираа средства во фондот за СОС Детско село. Собраните средства во фондот се наменети за образовните потреби на децата и младинците згрижени во СОС Детско село, со што Веро уште еднаш ја потврди својата заложба да им пружа помош на најранливите групи во општеството.

- Хуманитарните акции што ги иницира Веро се насочени кон лицата кои во одреден момент имаат најголема потреба од поддршка, со посебен акцент на најмладите бидејќи тие се нашата иднина. Но, уште позначајно е што преку нашите акции се трудиме да ја развиваме свеста на граѓаните за големината на човечката солидарност и да го поттикнеме секој поединец или група да делува во рамките на своите можности. Солидарноста и грижата за другите добија особено значење во овој период на пандемија, но за Веро тоа е насоката кон која компанијата секогаш се движи, придонесувајќи за позитивни промени во општеството – истакна Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Петар ДенковскиПетар Денковски, генерален директор на Веро

Компанијата Веро како општествено одговорна компанија и во услови на пандемија ќе продолжи да иницира и реализира хуманитарни активности посветени на ранливите групи. Оваа компанија силно верува во начелото на СОС Детско село дека ниту едно дете не треба да расте само и во согласност со компаниското начело „Се грижиме едни за други“ ќе продолжи да им дава поддршка на најмладите давајќи придонес кон напредокот на целата заедница.

Tags
Веро
Петар Денковски
Елизабета Ѓоргиевска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.