• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Велигден со dm: инспирација за убави, вкусни и креативни празнични моменти

2 април 2026, 12:50
  • cподели
dm велигденски производи

Велигден е време кога домот се исполнува со топлина, боја и радост, а празничната трпеза станува место каде што се создаваат најубавите семејни спомени. Токму затоа, со dm, подготовките за Велигден можат да бидат едноставни, инспиративни и креативни, со внимателно одбрани производи кои внесуваат вкус, убавина и празнична магија во секој момент. За сите кои сакаат празничната атмосфера да ја надополнат со слатки и интересни вкусови, dmBio нуди производи кои се идеални и за уживање, и за украсување на велигденската трпеза.

dmBio чоколадните јајца со марципан се вистинска шарена велигденска слатка закуска - рачно изработени со големо внимание, со богат вкус на марципан со арома на бадем, обложени со чоколадо и шеќерна обвивка. Нивните нежни пастелни бои, добиени од природни состојки, внесуваат весела пролетна нота и ги прават совршен додаток за велигденската кошничка или празничната маса.

dmBio чоколадните јајца со марципан

Во слатката велигденска понуда свое место имаат и dmBio малините во бело чоколадо, кои претставуваат интересен спој на овошна свежина и кремаста текстура. Оваа вкусна ужина е практичен избор за сите љубители на слатко-овошни грицки, а воедно е погодна за вегетаријанци и не содржи глутен и кикирики.

dmBio малините во бело чоколадо

Празничната понуда ја надополнуваат и dmBio јагодите обложени со три вида чоколадо, создадени за вистински љубители на слатки задоволства. Јагодите се обложени со чоколадо, бело чоколадо и млечно чоколадо, создавајќи богат и балансиран вкус во секој залак. Ова слатко задоволство е идеален избор за сите генерации и совршено се вклопува во празничната атмосфера, внесувајќи дополнителна сладост и радост во велигденските денови.

dmBio јагодите обложени со три вида чоколадо

Празничната атмосфера дополнително може да се разубави и со Profissimo трослојните салфети со мотив на венец, кои претставуваат прекрасен додаток на секоја свечена трпеза. Овие салфети се лимитирано издание, со димензии 25 x 25 cm и висококвалитетен релјефен мотив што внесува елегантен акцент во празничната декорација. Изработени се од три слоја мека целулоза, поради што се цврсти и впивачки, а за нивното производство се користени бои на база на вода. Декоративни и практични истовремено, салфетите се идеални за различни пригоди и создаваат пријатна и топла атмосфера на велигденската трпеза.

Profissimo трослојните салфети со мотив на венец

Празничните денови не се само време за слатки задоволства, туку и за лесни и вкусни закуски кои може да се споделат со најблиските. dmBio крекерите од наут со власец носат лесна и крцкава текстура, совршена за грицкање самостојно или во комбинација со омилените намази и сосови. Подготвени од внимателно одбрани органски состојки, овие вегански крекери не содржат лактоза и глутен и се одличен избор за разновидни и осмислени празнични оброци.

dmBio крекерите од наут со власец

Сите оние кои сакаат Велигден да го направат уште поинтересен и покреативен, на веб-страницата на dm можат да најдат и инспиративни идеи за празнично готвење. Меѓу нив се и рецепти како посен колач со моркови, пикантна посна плескавица и вегански сутлијаш – вкусни предлози кои можат да донесат нова свежина на празничната трпеза и да ја направат подготовката уште поубава.

Со dm, Велигден може да биде убав, вкусен и креативен – исполнет со мали моменти на радост, инспирација и производи кои го прават секој празник уште попосебен.

Tags
dm

Најнови

  • Јорданка Јоци Ивановска за смртта на Катја: „Стотици луѓе не спречиле да биде свирепо убиено 6-годишно дете“

    Thu, 04/02/2026 - 13:46
  • ebelin гуа ша камен за лице од розев кварц

    Купете производи за нега на лице над 999 денари во dm и добијте подарок ebelin гуа ша камен!

    Thu, 04/02/2026 - 13:10
  • dm велигденски производи

    Велигден со dm: инспирација за убави, вкусни и креативни празнични моменти

    Thu, 04/02/2026 - 12:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.