• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Вечер на традиција, инспирација и иднина – Шпаркасе Банка со свечена прослава по повод 200 години постоење на својата Групација

3 ноември 2025, 14:28
  • cподели

Скопје, 3.11.2025 – Во духот на гордото наследство и визионерскиот поглед кон иднината, Шпаркасе Банка АД Скопје ја одбележа 200-годишнината на својата матична групација, Штаермеркише Шпаркасе, со гламурозна вечер исполнета со музика, емоции и благодарност. Настанот беше симбол на две столетија стабилност, доверба и човечност – вредности кои ја прават Шпаркасе повеќе од банка.

Шпаркасе Банка

Свечената прослава, одржана во Националната опера и балет, ги обедини клиентите, партнерите, соработниците и пријателите на Банката во атмосфера на заедништво и гордост. Присутните уживаа во уникатен музички перформанс кој мајсторски ја спои традицијата и современото, претставувајќи ја суштината на брендот – негуваме традиција, но создаваме иднина со свеж и современ пристап.

Шпаркасе Банка

Во своето инспиративно обраќање, претседателот на Управниот одбор, г. Санел Кустурица, ја истакна длабоката поврзаност на Банката со вредностите што ја обликувале групацијата веќе две столетија:

„Оваа 200-годишна визија успева да ги надмине границите на времето и да создаде институција што денес е симбол на сигурност, интегритет и човечност во банкарството. Наследство што нè обврзува, нè инспирира и нè мотивира постојано да го даваме најдоброто за нашата иднина. Шпаркасе Банка е тука да остане клучен партнер на македонската економија, верен соработник на компаниите и безрезервен пријател на луѓето што ја градат иднината. Ние веруваме во луѓе со големи идеи – затоа што во нив ја гледаме иднината.“

Настанот беше внимателно осмислен за да ја долови суштината на јубилејот – славење на минатото и прегрнување на иднината. Гостите имаа можност да слушнат премиерни изведби на стари македонски песни во современи аранжмани, кои на симболичен начин ја раскажаа приказната за континуитетот и иновацијата што ја одликува Шпаркасе.

Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка

Со оваа незаборавна вечер, Шпаркасе Банка АД Скопје уште еднаш ја потврди својата посветеност кон развојот на луѓето, поддршката на економијата и вложувањето во заедницата, покажувајќи дека традицијата и иднината можат да живеат во совршена хармонија.

Шпаркасе Банка е дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, со 200-годишна историја изградена врз темели на доверба, одговорност и визија. На македонскиот пазар Банката е присутна речиси две децении, градејќи долгорочни партнерства, стабилни финансиски решенија и верба во луѓето како најголема инвестиција во иднината.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.