Ванеса Трамп, која има 5 деца со синот на Доналд Трамп, сподели дека се бори со рак на дојка
Ванеса Трамп сподели дека се соочува со рак на дојка и дека неодамна помина низ „лекарска интервенција“.
Поранешната сопруга на Доналд Трамп Џуниор и сегашна партнерка на легендарниот голфер Тајгер Вудс ја сподели веста преку емотивна објава на Instagram.
„Неодамна ми беше дијагностициран рак на дојка. Иако ова не е вест што некој ја очекува, соработувам со мојот медицински тим околу планот за лекување“ – напиша таа и истакна дека во овие тешки моменти најголема поддршка добива од своето семејство и од петте деца кои ги има со Доналд: Каи (19), Доналд (17), Тристан (14), Спенсер (13) и Клои (11).
„Останувам фокусирана и полна со надеж, опкружена со љубовта и поддршката од моето семејство, моите деца и најблиските“ – додаде Ванеса.
Поддршка ѝ испрати и Иванка Трамп, сестрата на Доналд Трамп Џуниор, која во коментар напиша дека се моли да има сила и побрзо да закрепне.
„Се молам за твојата сила и брзо закрепнување. Те сакаме, Мама“ – ѝ напиша Иванка Трамп во коментар на објавата.
Веста за дијагнозата доаѓа во период кога и нејзиниот партнер Тајгер Вудс минува низ тежок период. Познатиот голфер неодамна ја заврши рехабилитацијата по сообраќајна несреќа која ја предизвика додека возеше под дејство на алкохол.
Ванеса Трамп и Доналд Трамп Џуниор беа во брак 13 години, а се разведоа во 2018 година. Во јавноста долго време беше позната како модел и поранешна сопственичка на моден бренд за чанти, а со Тајгер Вудс е во врска од 2024 година.