• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Валентајн „starter pack“ од dm - мал сет за голема грижа и моменти за себе

10 февруари 2026, 16:53
  • cподели
dm

Валентајн е идеален повод да се подари внимание преку мали ритуали што носат чувство на топлина и релаксација. Валентајн „starter pack“ од dm е замислен како нежен вовед во моменти за себе - комбинација од производи за бањање, нега на кожа и секојдневна рутина, внимателно одбрани за целосно уживање дома.

Подарок сетот Fluffy Time од Balea за релаксација и капење, содржи мирисливо срце за бањање и мека лента за коса. Срцето се раствора во топла вода, создава пријатен мирис и нежно ја чисти кожата без да ја исуши, оставајќи пријатно и мазно чувство по капењето. Лентата за коса овозможува удобно туширање, негување или релаксација во бања, без косата да пречи - мал, но важен детаљ за целосно опуштање.

Срциња за бања Balea Rose-Vanille се наменети за ароматично и релаксирачко капење. Рачно изработени, со нежен мирис на роза и ванила, тие полека се раствораат во водата и создаваат долготрајно мирисно доживување. Потоа, кожата е пријатна, мека и негувана, а атмосферата е топла и романтична.

По капењето, кожата има потреба од дополнителна хидратација, а лосионот за тело Balea Creme-Öl Kirsche е создаден токму за таа фаза од ритуалот. Со висок удел на хранливи масла и арганово масло, тој интензивно ја хидрира кожата и ѝ помага да ја задржи мекоста и еластичноста. Кремастата текстура лесно се размачкува и брзо се впива, оставајќи нежен, разгалувачки мирис на цреша и чувство на комфор, особено погоден за сува кожа.

dm за Св. Валентин

За секојдневна, нежна нега, балсамот за усни Balea Rosé комбинира бадемово масло, шеа путер и витамин Е. Формулата ги храни и заштитува усните, ги прави меки и мазни, а воедно им дава суптилен розев тон и природен сјај - идеален за негуван изглед без дополнителен напор.

Романтичниот ритуал во бањата може да се надополни со „бомбата“ за бања Balea Herz во форма на срце. Таа ослободува цветно-овошен мирис и придонесува за меко и пријатно чувство на кожата по капењето, претворајќи ја бањата во вистински момент за Валентајн.

Рутината за чистење и нега е заокружена со големите супер меки памукчиња од Ebelin направени од 100% памук. Тие се исклучително меки, без влакненца и со две различни страни: мазна за нанесување на креми, тоници или серуми и текстурирана за темелно отстранување шминка или лак за нокти. Практичен и незаменлив дел од секојдневната нега.

Валентајн „starter pack“ од dm е повеќе од подарок - тоа е комбинација од производи што навистина се користат и создаваат чувство на грижа и внимание. Совршен избор за Валентајн, кога најубавиот подарок е времето посветено на себе и малите моменти што значат многу.

Tags
dm

Најнови

  • Прва уметничка бригада

    Младите зборуваат: Реализиран проектот „Прва уметничка бригада“

    Tue, 02/10/2026 - 17:01
  • dm

    Валентајн „starter pack“ од dm - мал сет за голема грижа и моменти за себе

    Tue, 02/10/2026 - 16:53
  • Макпетрол Бизнис Центар

    „Макпетрол“ инвестира во знаење и иднина - Отворен Бизнис центар за систематска едукација и развој на вработените

    Tue, 02/10/2026 - 16:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.