Вака се слави победа на Светско првенство: Стотици илјади Аргентинци прославуваа на улиците во Буенос Аирес
Стотици илјади Аргентинци излегоа на улиците на Буенос Аирес за да ја прослават историската победа на Светското првенство во фудбал.
Минути откако Лионел Меси и репрезентацијата го подигнаа пехарот во Катар, нивните обожаватели ја преплавија аргентинската метропола и цела вечер славеа. Фудбалот за голем дел од Аргентинците е речиси како религија, па не е ни чудо што навиваат со толкава љубов и страст за репрезентацијата.
Последен пат Аргентина победи на Светско првенство во фудбал во 1986 година, една година пред да се роди Лионел Меси.