• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Вака изгледа реално да си вљубен, бидејќи љубовта не е само секс и бакнежи“

10 август 2022, 09:54
  • cподели

Вистинската љубов е многу повеќе од разменување нежности и физичка интимност. Таа бара компромиси, внимание, грижа и разбирање.

Холи Рајордан напиша текст за онаа страна на љубовта за која не се зборува, а која ја прикажува реалноста на вљубените:

Љубов

Да си вљубена значи повеќе од делење на ист кревет и поседување заедничко куче и постирање заеднички селфи фотографии.

Љубовта значи да ти се „превртува стомакот“ кога тој се нема вратено до доцна, бидејќи се грижиш да не е дел од сообраќајна несреќа.

Љубовта значи да имаш исто толку трема колку него пред неговата важна презентација на работа, бидејќи вашите тела како да се поврзани.

Љубовта значи да му се дереш кога ќе направи нешто глупаво, бидејќи не можеш ни да замислиш што ќе се случи ако си принудена да го живееш животот без него.

Љубовта значи да се вртиш и превртуваш цела вечер, бидејќи тој отпатувал некаде и не можеш да спиеш ако неговото тело не е покрај тебе.

Љубовта значи да прашуваш детали за неговиот ден и силно да се трудиш да ги запомниш имињата на неговите колеги и на шефот и шефот на неговиот шеф, за да можеш да ги следиш неговите приказни.

Љубовта значи да поминеш часови, денови, недели во онлајн шопинг, бидејќи сакаш да го избереш совршениот празничен подарок.

Љубовта значи да ја проверуваш бемката на неговиот грб и да поставуваш дијагноза дали тој треба да посети вистински доктор.

Љубовта значи да се чувствуваш неинформирано кога сите зборуваат за одредена серија, бидејќи си чекала да ја гледаш со него и сè уште не сте пронашле време.

Љубовта значи да се разбудиш на аларм кој ѕвони неколку часа пред твоето време за станување, бидејќи тој го започнал денот пред тебе, а ти сакаш да поминеш време со него пред да замине на работа.

Љубовта значи да му се отвориш за твоите проблеми, дури и кога си имала тежок ден и не ти се зборува за тоа.

Љубовта значи да одлучиш да не пиеш алкохол затоа што тој веќе испил три пијачки и ти треба да си одговорната личност таа вечер.

Љубовта значи да ја платиш сметката во ресторан, бидејќи тој платил претходниот пат, а ти се обидуваш да се однесуваш рамноправно.

Љубовта значи да се гледаш со неговото семејство за празниците без да се жалиш, дури и кога тоа значи дека ќе го пропуштиш времето за твоето семејство.

Љубовта значи да го потсетиш да купи честитка за мајка му или шише вино за забавата на неговиот пријател или играчка за роденденот на внук му, иако тој требало да се сети на тоа.

Љубовта значи да зборуваш смирено и кротко, дури и кога си премногу лута, затоа што не сакаш да кажеш нешто погрешно за непотребно да го повредиш.

Љубовта значи да ги одбиеш твоите пријатели кога ќе те поканат на кино, бидејќи веќе си му ветила дека ќе го гледате филмот заедно.

Љубовта значи да му помогнеш да го изгребе мразот од шофершајбната и да го исчисти снегот од улицата, дури и кога температурите се под нулата.

Љубовта значи да ѝ одолееш на желбата да го изедеш последното парче од неговото омилено слатко задоволство, бидејќи знаеш дека тој си го чува.

Љубовта значи да бидете еден тим. Да бидете најдобри пријатели. Да бидете партнери во секое злосторство.

Љубовта значи дека сте токму онаму каде што треба да бидете.

Tags
љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.