„Ужасен ден во Сивири“: Дарко Димитров сподели видеа од страшниот пожар на Халкидики, ги пофали пожарникарите
Дарко Димитров вчера се најде во непосредна близина на големиот пожар кој беснееше во близина на Сивири, на првиот крак на Халкидики.
Македонскиот композитор и продуцент , кој со своите блиски престојуваше во Сивири, на социјалните мрежи сподели видеа од драматичните моменти, на кои се гледаат густиот црн чад и големиот пожар кој се ширеше низ шумскиот предел.
„Ужасен ден во Сивири“ – напиша тој и ги пофали храбрите пожарникари кои се бореа со огнената стихија.
„Неверојатни пожарникари“ – напиша Дарко на видеата.
Поради пожарот биле евакуирани речиси 500 лица, меѓу кои туристи и жители. Огнената стихија зафатила шумска површина, домови и објекти, а двајца пожарникари биле полесно повредени.
Пожарот предизвикал големи гужви во поширокиот регион поради евакуацијата, а на терен беа ангажирани голем број пожарникари, возила и летала.