• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ужас: Мажите во Авганистан легално можат да ги тепаат своите жени, забранети се само скршеници и отворени рани

24 февруари 2026, 12:44
  • cподели

Вистински ужас им се случува на жените во Авганистан во 21. век.

Талибанските власти донесоа нов закон кој го згрози светот. Со него им се дозволува на мажите слободно да ги тепаат своите жени и деца ако нивните ударите не предизвикуваат „скршени коски и отворени рани“. И во случаи на потешки повреди, предвидената казна е минимална.

Мажот слободно може да ги удира децата и сопругата ако не им нанесува тешки телесни повреди. Но, дури и ако тоа е случи, и ако жената докаже дека повредата е нанесена од нејзиниот сопруг, максималната казна затвор е 15 дена.

Британскиот Telegraph го објави и текстот од членот кој го предвидува тоа.

Член 32:
„Ако сопруг ја удри својата сопруга (подносителката на жалбата) со силен удар (што резултира со скршена коска, рана или видлива модринка на телото), и ако подносителката го докаже случајот пред судијата, сопругот се смета за виновен – судијата ќе му изрече казна затвор од петнаесет дена.“

Законот е напишан на начин кој ја оневозможува правдата. Жена која сака да пријави насилство мора да ги покаже раните пред машки судија, а да биде целосно покриена и придружувана од машки старател. Во најголем дел од случаите, старателот е сопругот, истиот човек кој ја злоупотребува. 

Воедно, ако побегне во домот на родителите без дозвола од сопругот, ѝ се заканува затворска казна од три месеци, како и на членовите од семејството кои ќе ѝ помогнат.

Во документот нема јасна забрана за психолошко или сексуално насилство.

Дополнително, се криминализира критиката кон одлуките на талибанското раководство, а граѓаните се обврзани да пријавуваат „непослушност“. Навредувањето на талибански лидер се казнува со 20 удари со камшик и шест месеци во затвор.

Овој правен пакет доаѓа по враќањето на Талибанците на власт во 2021 година и претставува уште еден чекор во системското ограничување на правата на жените, од образование и работа до слобода на движење и говор.

Во ниту еден дел од документот не е предвидено право на адвокат.

Целиот концепт на правично судење е укинат и заменет со дискреционо право на талибанските судии, кои одлучуваат без надзор, без можност за жалба, но со сила на официјално потпишан и применет закон.

Tags
Авганистан

Најнови

  • Бред Пит со саканата Инес де Рамон пристигнаа во Грција

    Tue, 02/24/2026 - 14:42
  • dm подароци за 8 Март

    Кажете „благодарам“ со стил: 8 Март во знакот на мирис, нега и сјај со производите во dm по секогаш поволни цени!

    Tue, 02/24/2026 - 14:06
  • Соња Антоновска, Билјана Стефановска и Елена Јовановска Талевска

    „За забоболка патуваме до Скопје“: Мајки на дечиња со посебни потреби од Битола отворено за секојдневните битки

    Tue, 02/24/2026 - 12:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.