• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Успехот на компанијата е успех на целиот тим - „Макпетрол“ со бонуси за вработените

30 декември 2024, 13:39
  • cподели

Како еден од двигателите на домашната економија, „Макпетрол“ воспоставува и применува високи стандарди во секој аспект од своето работење, а во сето тоа вработените ја имаат најзначајната улога. Изминатата 2024 година беше успешна за компанијата, а тој успех е заслуга на целиот тим, без разлика на позицијата. Во насока на претходните практики, „Макпетрол“ и оваа година на вработените им исплати средства по неколку основи надвор од редовните примања.

Макпетрол

„Како компанија составена од многу различни сегменти, некои поголеми, некои помали, за нас е пресудно секој од нив да функционира беспрекорно, со примена на исклучително високо ниво на професионалност. Без разлика на улогата и на позицијата во севкупната организација, со гордост можам да кажам дека нашите вработени своите задачи секојдневно ги завршуваат со извонредна посветеност. Потврда за тоа се позитивните финансиски резултати што ги остваривме во 2024 година, но уште поголем доказ е тоа што за десетици илјади потрошувачи во Македонија, нашите бензински станици и натаму остануваат избор број еден. За ваквиот успех не е заслужно само раководството, туку и секој поединец во компанијата“ - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

Во текот на 2024 година „Макпетрол“ ја распредели годишната добивка за 2023, со што секој вработен доби паричен износ во просек од 88% од платата. Исто така, во оваа година компанијата исплати и регрес за годишен одмор во нето-износ од 42.000 денари, а беше исплатен и новогодишниот надомест во нето-износ од 30.000 денари.

Во духот на празниците, компанијата организира и голема новогодишна забава за вработените на која што настапија големи музички ѕвезди. Испраќањето на оваа 2024 година „Макпетрол“ го одбележа и со спектакуларно шоу на мраз, на кое што присуствуваа и во кое што уживаа најмладите членови на семејствата на вработените во компанијата.

„Макпетрол“ речиси осум децении е лидер на пазарот со нафта и нафтени деривати во Македонија. Компанијата, притоа, е особено посветена и постојано инвестира во професионалниот развој и напредокот на своите вработени. Освен редовните исплати на средства надвор од редовните примања, за секој член на големиот тим се креираат можности за стекнување дополнителни знаења. Ова е една од стратешките вредности во која што компанијата и во иднина ќе вложува и ќе ја надградува.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.