Улично куче „упаднало“ на свадба и не сакало да си замине, младенците веднаш го вдомиле
Пар од Бразил имаше непоканет гостин на венчавката, кој на крајот, стана дел од нивното семејство.
Имено, улично куче „упадна“ на свадбата на Тамирис Музини и Даглас Виера Роберт и не сакаше да ја напушти црквата додека не заврши целата церемонија.
Кучето радосно ги дочека младенците на прагот од црквата, со што инстантно ги освои нивните срца.
Тамирис и Даглас го вдомија кучето и го одведоа на ветеринар за да му ја излечат повредената нога.