• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Украдени животи“ – нов истражувачки документарен филм на ИРЛ

23 декември 2024, 09:35
  • cподели

Истражувачката репортерска лабораторија вчера го објави истражувачкиот документарен филм „Украдени животи“ кој разоткрива измами со брзи кредити во кои биле вклучени организирани криминални групи од Македонија, Косово и Бугарија.

Истражувањето „Украдени животи“ прецизно ги отсликува последиците од потфрлањето да се обезбеди ефикасен надзор врз финансиските институции во земјата, што создаде средина каде што криминалот, корупцијата и задолженоста драматично напредуваат. Дополнително, ваквиот амбиент на недоволно регулирани и набљудувани финансиски институции демонстрира и ризици во однос на порастот на финансискиот криминал.

ИРЛ

Слабиот надзор дозволува финансиските институции да бидат искористени за перење пари, финансирање тероризам или други недозволени активности. Криминалните организации често користат нерегулирани или слабо надгледувани системи за сопствена полза.

„Се соочивме со обвинувања дека намерно ги сместуваме финансиските друштва во корелација со измамите, иако тие биле и оштетени. Ваквите сугестии немаат мерит. Овој истражувачки филм се занимава со сите појави што ја опкружуваат оваа индустрија бидејќи сите тие се резултат на неконтролираниот и предаторски начин на кој работат овие таканаречени продавници за пари. Нивниот скап маркетинг не може да ги купи сите медиуми, новинари и јавни личности кои треба да креираат привид дека оваа индустрија не врши експлоатација врз сиромашните и ранливите. А, сега од овој филм дознаваме и колку е небезбедна и стимулирачка за криминалните групи“, вели одговорниот уредник и продуцент на ИРЛ, Сашка Цветковска.

Податоците за задолжувањата во овие друштва каде што секој втор не може навремено да го врати кредитот, како и високата бројка на измами кои друштвата ретко ги пријавуваат во полиција покажуваат дека државата ги игнорира криминалните, но и економските ризици од социјални немири.

Проектната страница со сите документи и клучните наоди може да ја најдете на www.irl.mk.

Во продолжение можете да го погледнете целиот истражувачки филм.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.