• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Учиме низ игра! Едукативна апликација за деца 5+ на македонски јазик

25 декември 2018, 09:29
  • cподели

Македонски Телеком и ОХО, креираа едукативна мобилна апликација со омилениот македонски анимиран лик Петко, кој сега добива уште една улога – да им помогне на децата да учат преку игра.

Апликацијата содржи избор од интерактивни едукативни активности на македонски јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност.

Едукативна апликација

Во ова дигитално време, кога децата уште од најмала возраст се во допир со технологијата, сè потешко е да се контролираат содржините на кои тие налетуваат. Технологијата може да го направи учењето поедноставно, полесно и позабавно, и оттука, идејата зад 5+ апликацијата е децата корисно да го поминат времето на интернет, да учат преку игра и да следат квалитетни и едукативни теми на македонски јазик.

Составена е од 4 иницијални забавни активности: Боење, Читање, Пеење, Играње игри. Целта на сите заедно и на секоја активност одделно е иста: осознавање себеси како единствена и неповторлива личност од најмали нозе.

Преку боењето, децата можат да „оживеат“ цртежи со Петко, кои потоа можат да ги читаат и раскажуваат; преку пеењето – можат да ги одберат, да ги слушаат и да ги пеат познатите песни на 5+ Бенд, да ги пополнуваат зборовите што недостасуваат на свој оригинален начин. Играњето игри како активност на 5+ е однапред испланирана забава со јасни пораки за зачувување на животната средина, основни бон-тон правила, добрососедски односи, сообраќајни правила, здрава исхрана и здрави навики.

Апликацијата е создадена со намера децата да следат квалитетни и едукативни теми преку медиум кој им е омилен и добро познат и така да се изградат и да се дефинираат себеси уште од рана возраст.

Преземете ја апликацијата и препуштете ѝ се на играта: Play Store, App Store

Tags
Македонски Телеком

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.