• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Учесничка на Мис Универзум им возврати на оние кои ја критикуваа дека се здебелила

26 јануари 2017, 11:05
  • cподели

Критичари секогаш ќе постојат, а особено онлајн. Сиера Бершел, убавицата која ќе ја претставува Канада на Мис Универзум, реши храбро да се соочи со нив преку Instagram.

23-годишната девојка преку искрена порака на социјалната мрежа им возврати на сите оние кои ја „бомбардираа“ со критики дека се здебелила и дофрлуваа негативни коментари за изгледот на нејзиното тело.

Сиера Бершел

Неодамна ме прашаа: „Што ти се случи? Зошто се здебели? Губиш поени“. Ова се однесуваше секако на моето тело. Јас прва ќе кажам дека не сум толку слаба колку што бев кога имав 16 или 20 години, па дури и минатата година, но сум посамоуверена, поспособна, помудра, поскромна и пострасна, одошто кога било претходно.

Веднаш штом започнав да се сакам себеси таква каква што сум, наместо секогаш да се обидувам да се вклопам во тоа што мислев дека општеството го сакаше од мене, јас открив цела една нова страна од животот.

Тоа е страната која се обидувам да ја претставам во натпреварот за Мис Универзум. Страната на животот која толку ретко се наоѓа: самопочит и љубов кон самиот себеси. Секогаш се фокусираме на нештата кои посакуваме да можеме да ги промениме, наместо да се сакаме такви какви што сме.

Во описот на друга фотографија на Instagram, Сиера напиша:

Сиера Бершел

Потребна е дисциплина за да имаш тело на Мис Универзум. Исто така, потребна е дисциплина за да бидеш примен на Правен факултет. Потребна е дисциплина за да истрчаш маратон. Потребна е дисциплина да останеш она што си во свет кој постојано се обидува да те оформи во нешто што не си. Луѓето ме прашуваат дали си го променив телото за да го докажам мојот став. Не. Нашите животи се непостојани, динамични и променливи. Такви се и нашите тела.

Да бидам искрена, за претходните натпревари за убавина го ограничував консумирањето на храна и се чувствував мизерно, несамоуверено и недоволно добра. Независно колку малку јадев и колку многу килограми ќе намалев, константно се споредував со другите и чувствував дека можам да ослабам уште повеќе. Мојата ментална перцепција не се поклопуваше со телото кое го гледав во огледалото.

Имаше денови кога ќе изедев протеински бар, ќе вежбав со часови и ќе се мачев да заспијам, бидејќи бев многу гладна. Моето тело не е природно слабо и тоа е во ред. Јас сум здрава. Јас сум фит. Јас сум самоуверена. Јас сум јас. Вака изгледам моментално и тоа е во ред за мене, а треба да биде и за вас. Мои дами, запомнете дека вистинската убавина и прифаќањето доаѓа од внатре.

Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел Сиера Бершел

Мис Универзум ќе се одржи на 29 овој месец.

Tags
Мис Универзум

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.