Ева Величковска ја доби честа да ја претставува Македонија на Мис на светот 2026.
Атрактивната убавица ќе дефилира на 73-тото издание на изборот за убавина кој ќе се одржи на 5 септември во Виетнам.
„Патот до Miss World 2026 започнува! ✨
Со гордост ја најавуваме нашата претставничка Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина – Miss World 2026, што ќе се одржи во Виетнам. 🇲🇰
Ти посакуваме успех, инспиративно патување и блескав настап на светската сцена!“ – стои на објавата на Instagram профилот на Мис на Македонија.
Изборот за „Мис на светот“ е еден од најстарите и најугледните светски избори за убавина, кој покрај физичкиот изглед, става огромен акцент на интелигенцијата, талентот и способноста на кандидатките да бидат амбасадорки на хуманоста и културата на своите матични земји.