• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Убава вест за родилките: Од утре бесплатно безболно породување на ГАК

30 септември 2025, 11:07
  • cподели

Бременоста е еден од најубавите и најемотивни периоди во животот на жената. Но, со приближувањето на моментот на породување, често расте и стравот од една од најсилните болки што може да се доживеат.

Убавата вест е дека од утре, 1 октомври, на родилките од Македонија ќе им биде достапно бесплатно обезболување при породување на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ГАК). Со ова идните родилки добиваат можност за едно побезболно и поубаво искуство.

Безболно породување

Безболно породување

Директорката на ГАК, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, во гостувањето во емисијата „Фактор Здравје“ истакна дека оваа новина е дел од современиот пристап на клиниката:

„За породувањето да биде едно подобро искуство на мајката, сметаме дека е исклучително важно секоја пациентка да има можност безболно да се породи на нашата клиника. ГАК е место каде што се извршуваат најспецифичните, понекогаш најсложени породувања, бидејќи под 32. недела се доаѓа кај нас и сè тоа носи еден страв и неизвесност. Затоа, сакаме на родилките да им пружиме современ и безбеден начин и да направиме породувањето да им остане во подобро сеќавање. Секако во согласност со најновите препораки коишто се и во светот, ние веќе од 1 октомври воведуваме секоја пациентка да има можност, доколку сака и доколку нема контраиндикации, да може безболно да се породи“ – рече директорката.

Епидурална и спинална анестезија

Подетално за процесот на обезболување зборуваше доц. д-р Дафина Караџова, специјалист анестезиолог на ГАК, во емисијата „Телма амбуланта“:

„Со спинална и епидурална анестезија може значително да се намали болката дури и до нула. Сепак, обично се остава лесно чувство на болка на ниво 2–3, за родилката да биде посоработлива“ – објасни д-р Караџова и додаде дека во текот на целиот процес постојано се комуницира со пациентката за да се најде најдобриот баланс.

Повторно активирање на Школата за психофизичка подготовка на бремени

Како дополнителна поддршка, ќе се возобнови и Школата за психофизичка подготовка на бремени, која работеше од 2003 година, но беше прекината за време на пандемијата. Целта е идните мајки да бидат подобро информирани и подготвени за самиот чин на породување.

Со овие новитети, ГАК прави голем чекор напред кон современо, хумано и пациентски ориентирано породување, со што се намалува стравот, а се зголемува чувството на сигурност кај идните мајки.

Безболно породување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.